И покрај сè...денеска фудбалскиот свет ќе загуби голем шампион. Почит за големиот капитен, напиша Марио Балотели на социјалните мрежи. Сè ќе беше во ред ако само постираше друга слика, бидејќи оваа е од годинашното римско дерби одиграно на 30 април на кое Лацио ја совлада Рома со 3:1, а на сликата со Тоти во позадина се навивачите на Лацио кои слават.