Лудоста која Барселона ја приреди синоќа против ПСЖ влегува во категоријата најдобри дуели во историјата на екипните спортови. Драмата на крај ќе биде добра подлога за некој иден игран филм.
Фудбалерите на Барселона ги поместија границите во фудбалот и испишаа историја откако го потопија ПСЖ со 6:1. Кам бек кој не се случил до сега во ЛШ. Јунаците на Луис Енрике им ги затнаа устите на сите критичари за оној дебакл од 4:0 во Париз. Нејмар погоди во 88-ма и 90-та, Сержи Роберто во 95-та. На другиот дуел Милионерите броеа до четири.
На денешниот тренинг на Јунајтед пред утрешниот меч со Ростов во Лига Европа (19:00), Маркус Рохо и Андер Ерера ја тапкаа топката за да видат до која мера теренот е нерамен.
Иако имаат доминантна улога во светот на фудбалот, на Каталонците само неколку пати во историјата им успеала фамозната remontada, пресврт во реваншот по убедливо загубен прв натпревар.
Фудбалерите на Реал Мадрид често пати се случува први да примат гол и потоа да се вадат, а прашање е дали ќе се вадеа ако го немаа капитенот кој царува во шеснаесетникот кога треба да се скока на корнер. Не за џабе го викаат “todo terreno“.
Животот во Шапекоенсе полека се враќа во нормален колосек. Тоа го покажаа во Венецуела каде победија 1-2 и ги освоија првите бодови во најсилниот турнир во Јужна Америка.
Едно од осминафиналињата во сезоната 2004/2005 во ЛШ беше она меѓу Барселона и Челси по кое Сините отидоа понатаму со вкупни 5:4. Но зарем може некој да го заборави ова ремек дело на Роналдињо кој играше самба на Стемфорд Бриџ. Се случи на денешен ден.
Прво ќе ви кажеме дека дечково пред да дојде во Ливерпул, одигра само две сезони во Премиер лига од вкупно девет во англискиот фудбал. Во јули 2014-та Ливерпул го купува од Саутемптон за 25 милиони фунти и добива човек кој го има секаде на терен.
Јас сум апсолутно револтиран и жал ми е за луѓето кои дале многу пари за да го гледаат овој натпревар, изјави предводникот на Топџиите од кои цела Англија бара да си поднесе оставка откако врза седум лузерски осминафиналиња во ЛШ.
Картите за синоќешниот меч Арсенал - Баерн Минхен биле по 75 фунти, а ништо поевтини не биле ниту влезниците за гостите поради што Баварците извадија неколку банери и фрлаа тоалетна хартија на теренот во знак на протест. Судијата на кратко го прекина мечот за да се исчисти теренот па играта продолжи.
Матуиди, Верати, Јулијан Дракслер и Томас Муние гостуваа во емисијата СуперКлуб каде јавни фаци доаѓаат на вечера и муабет, и дискутираа како да ја амортизираат Барселона вечерва на преполниот Камп Ноу.
Топџиите со вкупни 2:10 и Наполитанците со 2:6 се збогуваат од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Баерн Минхен и Реал Мадрид покажаа светска класа и во топ 8 од најелитното клупско европско натпреварување одат со нови победи и тоа идентични од првите средби.
И сега се прашувате што бараат овие “чесни“ момци заедно во наслов. Гол.ком направи листа на топ 20 најконтроверзни претседатели во фудбалот. Друштвото е “ултра скромно“, а од нив дури седуммина се Италијанци.
Стефано Корти и Алесандро Онис се комичари на кои им дошло преку глава од тетеравењето на Берлускони со продажбата на Милан на кинеските милијардери, па решиле да направат мала рапсодија. Наоѓаат Кинези кои во Милано работат како и секој просечен Кинез, ги дотеруваат во одела и во луксузни џипови ги носат до Миланело па до Сан Сиро за да се запознаат со клубот и управата. Најјак момент е кога еден од обезбедувањето им вика: “Сега ќе се јавам кај г-ѓа Барбара Берлускони и кај Галијани“.
Фабио Канаваро раскажа што значи да тренираш покрај Марадона, потоа да се справиш со него, да учиш од Ферара и да го чуваш Роналдо. Во вториот дел ќе читате за искуствата со Зидан, Пирло и Тоти, играњето во Реал, но и разликата од играч до тренер.
Ѓорче ли е? Кисела Вода? Маџари? Центар? Или па можеби некој друг град. Не е битно. Тоа што се гледа на видеото е дека виси наше знаме во салава во која дечки во еден напад го мелат противникот мислиш ги гледаш Фалкао и Рикардињо на видеово. Капа доле за потегот на крај.
Андреа Белоти дава голови со лева, со десна и со глава, и на тој начин е покомплетен дури и од центарфорите кои спаѓаат во категоријата најдобри на светот. Во моментов е прв стрелец во Серија А, а во Европа пред него се само Меси и Кавани.
7 март 2007-ма е историски ден за Лигата на шампионите затоа што беше поставен рекорд кој тешко се урива. Баерн Минхен во четвртфиналето го пречека Реал Мадрид, а Рој Макај го постигна најбрзиот гол во историјата на ова натпреварување. Му беа потребни само 10,12 секунди.
Јас сум среќен човек што можам секој викенд да го гледам овој човек како игра фудбал. Каков монструм од играч, стои во еден од коментарите за потегот на Канте кој се надминува себе си од натпревар во натпревар. Овој потег е од вчера против Вест Хем на гости.
Секако, Баерн ги сака и цени своите лидери. Но повеќе ги сака трофеите така што нема правила дека на некоја ѕвезда ќе му даде повеќе време да ја најде формата. Не си спремен да му помогнеш на клубот да победува? Има такви кои ќе го направат тоа место тебе
Фабио Канаваро е третиот дефанзивец после Бекенбауер и Замер кој ја освоил Златната топка. За да стигне до таму прво почнал да трча по топките на Марадона, потоа да му се спротивстави на тренинг, а стравот го победил во дуел со најдобриот од неговата генерација, феноменот Роналдо. Приказната за него ќе оди во два дела.
Се викаше ’Тајниот Турнир’ а беше познат и како ’Кафезот’. До ден денес е најславна рекламна кампања на Најк која што коинцидираше со Светското првенство 2002.