Магичните 17 месеци на Зинедин Зидан

Кога францускиот легендарен фудбалер стана тренер во Реал Мадрид дојде речиси без никакво тренерско искуство, а доби задача да го води еден од најдобрите клубови во светот кој тогаш беше во мала криза. 17 месеци подоцна, ете го со 5 трофеи и многу рекорди.

Откако го назначија за предводник на Кралскиот клуб, Зидан успеа за година и пол да го освои и да го одбрани трофејот во Лигата на шампиони, нешто што се нема случено во главниот град на Шпанија од 1958-ма година. Одиме месец по месец.
 
Јануари 2016: Зидан го презема Реал Мадрид во криза
Барселона штотуку го декласираше Реал Мадрид на Бернабеу со 4:0, а испадна и од Копа Дел Реј. Зинедин Зидан станува тренер на местото на Рафа Бенитез.
 
Февруари 2016: Првите сомнежи
По серија победи, Атлетико Мадрид успева да го добие градкосто дерби и тука се појавија првите сомнежи за способноста на Зидан во големите натпревари.
 
Март 2016: Касемиро во тим
Борбата за титулата заврши откако го загубија Ел Класико и серијата од 12 победи по ред ја стартуваа во март со Касемиро како еден од клучните 11.
 
Април 2016: Победа на Ел Класико
Каталонците се прошетаа до титулата, но имаа и еден кикс на Камп Ноу и тоа толку на дербито со Реал Мадрид кое го загубија. Во меѓувреме, Реал се спасија со рана елиминација во ЛШ благодарние на херојот Роналдо против Волфсбург.

Мај 2016: Европски прваци
Сиромашната сезона ја спасија во Милано откако го славеа европскиот пехар број 11 во Лигата на шампиони и тоа во финале со градскиот ривал Атлетико.

Јуни 2016: Колку чини Погба?
Зидан притискаше за да го доведат Погба од Јувентус, но им го украде Манчестер Јунајтед, а потоа Мората и Асенсио влегоа во прв тим. Сепак пристигнување на кондициониот тренер Антонио Пинтус беше клучната победа за Зидан.
 
Јуни 2016: Задржување на Роналдо
По поведата на Роналдо на ЕП 2016, Кралскиот клуб мораше да направи долгорочен план за одржувањето на формата на нивната најголема ѕвезда.
 
Август 2016: Нов трофеј
Вториот трофеј на Зидан пристигна во Норвешка каде го освоија Супер Купот на Европа против Севиља. Поради големиот број на повреди во прв тим играше Начо Фернандез.

Септември 2016: Почеток на удари
Спортинг направи многу напори за малку да го добие Реал во првиот меч од Лига на шампиони, додека четирите нерешени средби по ред во Ла Лига го доведоа до знак прашалник водењето на Зидан.

Октомври 2016: Навремена пауза
Со нов бран на повреди, паузата за репрезентации му послужи одлично на Реал Мадрид кој потоа стигна до шест победи во низа.
 
Ноември 2016: Замолчување на Калдерон
На нивното последно гостување на Висенте Калдерон, Реал славеше убедливо со 0:3 благодарение на хет-трикот на Кристијано Роналдо. Тоа беше првиот голем тест во сезоната за Зинедин Зидан.
 
Декември 2016: Спасување на серијата без пораз
Голот на Серхио Рамос на Камп Ноу во последните моменти од Ел Класико на Камп Ноу му донесе важен бод на клубот кој остана во форма пред Светското клупско првенство од кое си замина со трофеј.
 
Јануари 2017: Ништо од тројна круна
Селта Виго го елиминираше Реал во Копа Дел Реј и со тоа го исфрли од игра за тројна круна. Тоа се случи една недела откако Севиља им ја прекина победничката серија со голот на Стефан Јоветиќ. Тест момент за тренерот.

Февруари 2017: Прва успешна нокаут фаза
Во осминафинале од ЛШ се паднаа со Реал Мадрид кој го елиминираа со вкупно 6:2 или по 3:1 на двете средби. Во Ла Лига беа во негатива од 2 гола со Виљареал, но на крај го победија 3:2.

Март 2017: Време е за план Б
Гостувањето против слабиоот противник Еибар беше можност за Зидан да им даде шанса на резервите кои славеа со 4:1. Водечките играчи му беа прв избор за големи средби, како и оние од Европа.
 
Април 2017: Тешките предизвици Барселона и Баерн
Победата од 2:1 во Минхен не беше доволна за да ја минат четвртфиналната фаза во ЛШ, па на реваншот се играа продолженија на кои Реал славеше со 4:2. Ел Класико го загубија пред своите навивачите со 2:3 и Каталонците останаа во трка за титулата.
 
Мај 2017: Конечно титула во домашното првенство
Шесте победи во последните шест кола му ја донесоа титулата во Ла Лига по пауза од 5 години. Во последното коло славеа на гости против Малага, а истиот месец се изборија за ново финале во ЛШ откак ово полуфинале го елиминираа Атлетико Мадрид.
 
Јуни 2017: Историската одбрана на трофејот во ЛШ
По пауза од 59 години, Реал Мадрид успеа да освои два трофеи по ред во Лига на шампиони. Жртва беше Јувентус кој го потопија со 4:1. Перфектните 17 месеци на Зидан се комплетирани.
11 јуни 2017 - 15:10