Шокантниот пресврт на Португалија над англискиот дрим тим

Во А групата на ЕП 2000, селекцијата на Англија според составот со кој располагаше беше фаворит за освојување на првото место, но на денешен ден пред точно 17 години им се случи дебакл. Со головите на Сколс и Мекманаман имаа 2:0 за 18 минути, а потоа три пати ја вадеа топката од мрежа.

Целосниот шок допрва им следуваше. Заедно со Германија си ги спакуваа куферите уште во групната фаза која инаку ја минаа Португалија и Романија.

Како е можно овој состав на Англија да не освои ништо?

12 јуни 2017 - 16:13