Повеќдневната тензија пред квалификацискиот меч БиХ - Грција кулминираше синоќа на крајот (0-0) кога Един Џеко му се пушти на неговиот соиграч и колега од Рома Костас Манолас после што настана голем метеж а еден грчки фудбалер остана без заб.
Во квалификациската група Х за Мундијалот 2018 Грција и Босна одиграа два мошне тензични дуели. На првиот, одигран пред неколку месеци во Атина, на стадионот на Олимпијакос, Грците ги провоцираа гостите од БиХ, а извадија и скандалозна, навредлива порака за жртвите од воениот конфликт во Босна.
Босанците долго „се остреа“ за реваншот па синоќа бурно ја исвиркаа грчката химна што беше најава за грубите стартови на раб на инцидент.
Έπιασε από τον λαιμό τον Μανωλά ο Τζέκο, χτύπησε τον Γιαννιώτα ο βοηθός προπονητή της Βοσνίας! Shame on Dzeko.. #BIHGRE pic.twitter.com/x7lplhdKAF
— 3 + ο κÜkoς (@AlexPol79) June 9, 2017
На крајот од мечот Един Џеко, напаѓачот на Рома и Костас Манолас, стоперот на истиот клуб прво вербално а потоа и физички се судрија. Тоа беше почеток на гужвата на теренот во која помошниот тренер на селекторот на Босна, Французинот Стефан Жил со тупаница му скршил заб на Јанис Јаниотас.
Речиси е сигурно дека и двете селекции ги чека казна од УЕФА, а што се однесува до самиот резултат, ремито повеќе и одговара на Грција која што го задржа бодот предност во однос на БиХ на второто место во групата Х.