Роналдо, Раул, Роберто Карлос, Фиго и Карембе беа најзвучните имиња кои синоќа во пријателски хуманитарен натпревар го водеа Кралскиот клуб до победа од 4:0 против мешаниот состав на Рома предводен од Кафу, Лима, Томази, Бруно Конти.
За издвојување на средбата се двата погодока на Мориентес со глава, а најатрактивниот момент на мечот беше ремек делото на Луис Фиго кој изведе слободен удар како во старите добри времиња.
По пауза од 10 години Роналдо повторно го облече дресот на Реал Мадрид кој го носеше од 2002-та и 2007-ма и за кој постигна 105 гола, но овој пат му беше неколку броја поголем.
40 годишната бразилска легенда кој инаку е амбасадор на Реал, со овој клуб ја освои Златната топка, како и две титули Ла Лига, Интерконтинентален Куп и Супер Куп на Шпанија, но за годините изгледаше бајаги запуштен и бавен.
Ronaldo suffers from Hypothyroidism disease which made him gain a lot of weight, but his touch and presence are still there.
— Seleção Brasileira (@BrazilStat) June 12, 2017
R9 vs Roma. pic.twitter.com/L8RgGeFsHa