Фудбал

Фотографијата со Меси која собра 65 милиони кликови

Ако за пресврт во 90-те може да се прогласи оној на Манчестер Јунајтед во финалето против Баерн, тогаш од 2000-та наваму тоа дефинитивно е оној на Барса против ПСЖ. Една фотографија од тој дуел руши рекорди на интернет.

Топот од Сатеска во село Волино

ФК Сатеска е македонски фудбалски клуб од село Волино, Општина Дебарца. Игра во 3-та лига југозапад. Најголем успех во клупската историја е пласманот во 1/18 финалето од Купот на Македонија. Името на клубот доаѓа од реката Сатеска која минува низ селото. Викендов Волинци на стадионот “Ѓоргов мост“ го пречекаа Фљамуртари и мечот го оправда епитот дерби на колото.

Чаби Алонсо го изработи Анчелоти на прес

Чаби Алонсо и официјално најави дека по крајот на сезонава ќе се повлече од активното играње фудбал поради што германските и шпанските медиуми побарале тој да дојде на пресот пред мечот со Франкфурт. А таму Баскиецот раскажуваше за најубавиот момент во кариерата и не пропушти да го пецне Карло Анчелоти.

На Несторовски му поништија чист гол од мртов агол

Фудбалерите на Палермо синоќа во 4 минута требаше да имаат водство од 1:0 на Рeнцо Барбера против Рома, но само доколку судиите беа прецизни во одлуката и не му го расипеа роденденот на нашиот напаѓач.

Најатрактивниот гол од корнер во унгарска верзија

Голот со петица на прва кој секогаш нè потсеќа на Златан, падна и во унгарскот фудбалскиот шампионат ислободно уште од сега може да го прогласат за гол на сезоната.

Му го испи мозокот со еден потег

Винсент Абубакар од Бешикташ демонстрираше дриблинг пред турската јавност, мислиш во Бразил е роден, а не во Камерун. Го измести противничкиот играч кој не знаеше што го снајде. Роналдињо мајсторе, што ќе кажеш?

Француското првенство го доби голот на сезоната

Лион го декласираше Тулуз со 4:0, а Мемфис Депај изведе страшна лудорија од половина терен со лоб удар кој не се гледа баш често. Кој ли очекуваше дека ќе ја дувне вака душмански од позиција од која обично никој не шутира во гол.

37 годишна левица која не е за фрлање

Давиде Москардели е Белгиец со 20 годишен стаж во фудбалот кој во дресот на италијанскиот третолигаш Арецо го постигна најубавиот погодок ова коло во Италија.

Најстариот фудбалер во историјата постигна гол

Казујоши Миура e една година година разлика во возраст со Христо Стоичков кој се повлече пред 14 години, но тоа не го спречи денеска да стане највозрастиот стрелец во историјата на фудбалот. Што мускули ќе имаше?

Маракана заживеа и собра 70.000

Бразилскиот клуб Фламенго е најзаслужен што легендарната Маракана која сите ја подзаборавија, повторно живна. Во дербито на Копа Либертадорес против аргентинскиот Сан Лоренцо Фламенго славеше со 4-0 пред 70.000 навивачи.

Судија не ги послуша помошниците и беше во право

Во целиот свет се води дебата ’за’ и ’против’ видео-повторувања на спорните моменто. Но постојат и примери кога до евентуално видео повторување сите би го пцуеле судијата дека направил грешка, а тој одлично ја проценил ситуацијата со ’голо око’. Во МЛС лигата, напаѓач на Чикаго Фајр даде гол кој секој би рекол дека е офсајд, но судијата се виде и голот беше регуларен и чист.

Фудбалерот кој се покаја за развратниот живот и тргна од нула

Кога на 18 години добиваш 5 милиони фунти годишно не знаеш што попрво да направиш со себе и мислиш дека можеш да го имаш целиот свет. Кога ќе се погледнеш во огледало еден ден ќе сфатиш дека си правел само глупак од себе и ништо друго.

Приказната за клубот кој навивачите го спасија со својата крв

Да ги оставиме за момент Барселона, ПСЖ, Борусија Дортмунд и сите останати гиганти кои се тема број 1 овие денови. Одиме со една мала фудбалска приказна во која владее само едно нешто: навивачка љубов до коска.

Решавачкиот гол на Барса со 12 коментатори

8 март 2017-та ќе остане легендарен датум во фудбалот и со години ќе биде вбројуван меѓу најлудачките пресврти во историјата. И два дена потоа, светот уште зборува за тој момент на херојот Сержи Роберто во 95-та. 

Рома се предаде во Лион, реми во грчко-турското дерби

Дури 20 гола паднаа на 5 натпревари во терминот од 21 часот во Лига Европа. Олимпијакос и Бешикташ ќе решаваат во Истанбул, а Лион во судиското продолжение со евроголот на Лаказет ја совлада Рома.

Манчестер куртули на ораницата во Ростов

Во првиот дуел од осминафиналето на Лига Европа, Манчестер поведе преку Михтарјан по одличната асистенција на Ибрахимовиќ, а Букаров израмни на 1-1 по што Русите имаа и шанси за комплетен пресврт на средбата која се играше на најлошиот терен во Лига Европа.

Словенечки пилот од авион прашувал колку е Барса - ПСЖ

Словенечки пилот на авиокомпанијата Визер на летот од Мадрид до Будимпешта околу 23 часот се обратил до контролата на летање со необично прашање - што направи Барселона против ПСЖ?

Кога Хичкок ќе режира драма во фудбалот

Вчерашната инфаркт завршница меѓу Барселона и ПСЖ не е единствен пресврт во историјата на фудбалот. Ретко кој ќе го заборави Солскјер и ’99-та или Депортиво и Ливерпул против Милан.

Интер слави 109 години постоење

На денот на својот 109-ти роденден Интер прима честитки од поранешни и сегашни фудбалери, од градоначалникот на Милано и од синот на газдата.

ФИФА објави листа, Косово е пред Македонија

Продолжува слободниот пад на македонската фудбалска репрезентација која што по најновата ранг листа на ФИФА се најде на 166. место.

Хаос во Париз по слетувањето на фудбалерите на ПСЖ

Иако сакале да ги избегнат бесните ултраси па слетале на помалиот париски аеродром Ла Бужре, фудбалерите на ПСЖ биле пресретнати од 30-ина навивачи кои ги опколувале нивните коли. Во еден момент Тиаго Мота удрил со кола некој навивач кој бил префрлен во болницата во Сен Дени, а оштетена била колата на Маркињос.

Играчи на Ливерпул како алтернативни коментатори

Лукас Леива и бекот Морено добија задача од клупскиот тв канал алтернативно да го пренесуваат дуелот Ливерпул - Тотенхем 2:0. И не беа така лоши.

Фудбалскиот пат на Сержи Роберто, јунакот на Каталонија

Од мал бил атипичен лидер, не викал многу, бил скромен и најдобар во секое хоби со кое се занимавал. А скокал во далечина, фрлал копје, играл пинг-понг, кошарка и ракомет. Кога стигнал факс од Реал Мадрид неговите побарале време да размислат. А тогаш стигнал факс од Камп Ноу.