Фудбал

Досега 25.000 карти продадени за Милан - Шкендија

Како стојат работите, Тетовци ќе играат пред публика пред колку што никој од нив никогаш не играл во кариерата. Славниот „Сан Сиро“ се остри да сруши уште еден рекорд во Лига Европа.

Во Вардар немаат земено плата од април

Иако насловот звучи дека потекнува од годините кога Вардар немаше секретарка, сепак и во овие златни времиња за клубот кој ја има најдобрата инфраструктура и најстабилните финансии од своето постоење, се појавија тврдења за кои зборува и чаршијата.

Дебито на дечкото од 222 милиони

По завршувањето на сагата околу лудачкиот трансфер на Нејмар од 222 милиони евра, Бразилецот заигра во новиот дрес. Првиот настап е доста задоволителен во неговата нова средина. Го заврши со гол и фантастична асистенција до Кавани. Генгамп - ПСЖ 0:3.

Дербито Победа - Пелистер на кратко го прекина куче

Пелагониското дерби е едно од поинтересните за гледање во земјава. Без разлика во кој состав да играат, Прилепчани и Битолчани му се препуштаат на ривалството. Така беше и вчера во Прилеп каде славеше Пелистер со 1:2 а мечот на кратко го прекина едно куче.

Реал и Шпанија со Иско сте во сигурни раце

Иако времето на Чави истече, Иниеста има 33 години, а Фабрегас 30, фудбалската репрезентација на Шпанија нема зошто да се грижи. Новиот мозок во среден ред, кој се повеќе зрее и воодушевува со своите игри е 25 годишниот Иско. Овие негови потези од синоќешното Ел Класико станаа редовност.

Асенсио шутирај на деби колку сакаш

За Марко Асенсио дебитански настап во било кое натпреварување по дифолт значи и гол. Тоа му успеа до сега на дури шест натпреварувања, вклучувајќи го и настапот против Македонија. Му фали уште на Светско клупско првенство за да биде единствен со таков дострел.

Сценариото со Самсоненко исто како со Трифун

Нема рамнодушен навивач на Вардар по вчерашното шокантно и неочекувано соопштение на газда Самсоненко, кој со своите големи вложувања направи револуција во македонскиот спорт. Но речиси и да нема никој кој верува дека рускиот милионер навистина се повлекува поради навредите врз него.

10 причини зошто да гледаме Премиер лига

Со мечот меѓу Арсенал и Лестер, вечерва со почеток од 20:45 стартува новата сезона во најскапата фудбалска лига во светот. Челси ја брани титулата, а нови прволигаши се Брајтон, Хадерсфилд и Њукасл. Уживајте со англискиот елитен фудбал до 13 мај 2018-та.

Колку чинеа карти за Вардар во Европа низ годините

Бурата која се крена околу првичната цена од 3.000 денари за Вардар - Фенербахче а која денес ја корегираа на 300 денари, ги натера колекционерите на влезници да протарачкаат по својот архив и да видат колку давале низ годините.

Двајца фудбалери кои вредат по 222 милиони евра

Ако мислите дека Нејмар е човекот за кој Катарците кои спијат на пари требаше да платат лудачки висока клаузула од 222 милиони евра, се лажете. Он може ли вака?

Самсоненко се повлекува од Вардар, картите намалени на 300 денари

Сопственикот на Вардар утрово неочекувано преку соопштение ја информираше јавноста дека ја напушта раководната функција од трите клуба кои под закрила на спортското друштво Вардар беа во негова сопственост.

Манчестер Сити направи најмодерен Тунел Клуб за навивачите

Бидејќи не било реновирано од 2011-та, пази цели 6 години, богатите газди на Манчестер Сити направија неколку зафати на Етихад и го направија тип топ по најмодерни стандарди. Тој што има пари да плати ќе ужива во овие благодети. Јадеш, пиеш и уживаш со Премиер лигата.

Волејот на Зидан во руска верзија

Кантемир Берхамов од рускиот прволигаш Арсенал Тула ја нема таа елеганција како Зи Зу, ама па успеа да го повтори тој гол од ЛШ финале 2001-ва, кој ретко се постигнува. Ем лоб, ем во агол, печен за кандидат за гол на годината во Русија.

Три минутна носталгија со Реал и Манчестер

Во пост фудбалската еуфорија од Супер Купот на Европа кој здравје понатаму можеби ќе се понови кај нас, налетавме на една легендарна средба од финалистите од пред 17 години, која заврши со 7 гола од кои 3 се на Роналдо, ама оној без коса.

Пет пати поевтини карти за Милан отколку за Фенербахче

За разлика од управата на првакот, раководните луѓе на вицешампионот на земјава одлучија картите за мега-дуелот со славниот Милан да бидат по далеку поевтини цени од оние за мечот Вардар - Фенербахче.

Репортажа на Реал Мадрид ТВ за Скопје

Новинарска екипа на 12-кратниот европски првак и освојувач на Супер Купот 2017-та, склопи една доста фина репортажа за Скопје во пресрет на финалето. Соговорник во прилогот е Андреа, инаку македонски навивач на Реал Мадрид, кој раскажува за нашите историски знаменитости. Шпањолката проба боза и локум. Репортажата е во два дела.

Рафа Маркез обвинет за соработка со нарко-дилери

Властите во САД го обвинуваат познатиот мексикански фудбалер Рафаел Маркез за учество во нарко-бизнисот и му забраниле влез во Америка.

Естонски тим поведе за 15 секунди без да ја допре топката

За време на мечот од Купот на Естонија меѓу Левадија и Паиде (3-1), домаќините поведоа со 1-0 ни криви ни должни а таков смешен старт никој не можел да претпостави.

Етиопија и Либерија се пред Македонија на рангот на ФИФА

Да можеше некако добрата организација за Супер Купот да влијае и да ни помогне на ранг листата на ФИФА ќе беше фино, бидејќи вака секој месец истите маки. Одново еден куп фудбалски непознаници се пред нас.

Можевте да олабавите малку со цените

250 денари пиво, па уште и безалкохолно? Мислиш Џек Даниелс пиеш со бадеми и лешници. Стави го 100-120 денари колку што обично оди по кафиќи и ќе ти оди како алва, ама не, Скопје за Супер Купот беше во Лас Вегас филм.

Камерата која го следеше однесувањето на Роналдо на мечот

Не само што не се побуни што Зидан веројатно го одмораше за Ел Класико против Барса во недела, туку напротив ги бодреше и храбреше своите соиграчи а прописно се израдува и на голот на Каземиро па им даваше вода да се оладат.

Што и текна на управата на Вардар да ги потцени своите навивачи

Наместо да го искористи моментумот околу спортската еуфорија во земјава која започна со ракометарите од нивното спортско друштво и наместо да ги уважи и почитува своите најверни, управата на Вардар повлече неколку чудни потези.

Спектаклот со македонските ора кој го видоа над 200 земји

Во очи на финалето на Супер Купот, Скопје како домаќин блесна со кореографија достојна за еден ваков голем натпревар. Пред ѕвездите на Манчестер и Реал да излезат на терен, вниманието пред 30 илјадната публика го привлекоа играорците на фолклорните ансамбли „Блажевски“, „Етнос“, „Фолклор“ и „Куд Орце Николов“, како и децата со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“ кои со знаковен јазик ја изведоа „Sky full of stars“ од Колдплеј. Многу убаво направено, браво.

Мурињо и одговорот до македонската новинарка, неповторливо

Реал Мадрид стигна до четвриот Супер Куп на Европа, Зинедин Зидан стана четвриот најтрофеен тренер на Реал Мадрид, но шоуто во Скопје се знае кој го украде. Нема, кога ќе каже нешто кажано е, плус само него му лежи вака.