Фудбал

Гестот на Мурињо со медалот и малиот навивач

Само што им ги поделија медалите на фудбалерите и тренерите на Јунајтед, Жозе Мурињо тргна кон делот каде беа нивните навивачи и медалот му го подари на едно од децата на трибината. Голем гест за поздравување, за разлика од победничкиот тим кој недоволно ги удостои своите следбеници.

Гледач се молеше на стадионот во Скопје и ги збуни присутните

На 20-ина минути од почетокот на мечот кога сите гледачи беа на своите места на „Филип Втори Арената“, еден човек спонтано намести ќилимче и го почна својот верски обред што малку ги подисплаши присутните во близина.

Најлошото враќање со глава до голман

Атлетико Платенсе е аргентински третолигаш каде играта со глава кај дефанзивците изгледа дека е најлошата страна. Момци вежбајте, не е можно волку катастрофален осет да се има со топка.

Гримаса на денот

Најуникатната у најчудната сцена на синоќешниот Супер Куп дефинитивно е оваа фотографија со Фелаини од Манчестер Јунајтед кој им се заблагодари на оние кои ја објавиле и кои му ја пратиле.

Реал Мадрид ја освои Телеком арената во Скопје

Со головите на Касемиро и Иско, европскиот првак славеше 2:1 против Манчестер Јунајтед и со ова гостување, прво во Македонија го круниса четвртиот трофеј во Супер Купот на Европа. Реал Мадрид беше подобар противник и заслужено стигна до пехарот. Кристијано Роналдо влезе во 82-ра минута.

Вардар - Фенербахче со цена како за Супер Купот

Од македонскиот шампион соопштија неколку детали околу претстојниот мега-дуел во рамките од плејофот за Лига Европа. Цената на влезниците предизвика бурни реакции кај љубителите на скопскиот клуб.

Драган и Тони погодија кој ќе гостува во Скопје на 8 август

Само тежок контраш може да го негира фактот дека поголем спектакл од тоа Реал и Манчестер да ти играат финале во Скопје нема. Тоа си го обезбедија самите откако паралелно чекор по чекор го минуваа европскиот пат. Нашите прогнозери го посакаа и го погодија ова сценарио.

Фото на денот со Шапекоенсе

Барселона секое лето игра пријателска средба под името Trofeo Gamper, а годинава гостин им беше Шапекоенсе, клубот кој на 28. ноември лани доживеа авионска несреќа во која загинаа 71 лице а 6 преживеаа. Токму тројца играчи од преживеаните синоќа истрчаа на „Камп Ноу“, меѓу кои и голманот Фолман кој загуби една нога во несреќата.

Во меѓувреме гестот на Меси

Додека очите и мислите ни се вперени во мегафудбалскиот настан за Македонија, ќе се осврнеме кусо на друга тема. Синоќа Барселона и Чапекоенсе одиграа пријателска средба на која резултатот од 5:0 оди во втор план. На Камп Ноу се појавија тројцата преживеани фудбалери од авионската несреќа, Алан Рушел, Џексон Фолман и Нето. Рушел кој одигра половина час имаше само една посебна желба, а тоа е да си разменат дресовите со Меси. 

Како Манчестер го освои првиот Супер Куп против Дарко Панчев

Вечерашните противниците во клупската историја имаат играно неколку натпревари во Супер Купот. „Црвените ѓаволи“ од Манчестер го освоија еднаш а Реал има три трофеи од овој елитен меч.

Најавата на Реал Мадрид за финалето

По освојувањето на Ла Лига и Лига на шампиони, 12-кратниот првак на Европа вечерва во Скопје ќе се обиде да стигне до третиот трофеј годинава. Скопје е подготвено за Супер Купот, стои во моќната најава на Кралскиот клуб кој за прв ќе заигра на Телеком арената.

Роберто Карлос на гости кај Мадридисти од Македонија

Европскиот шампион уште еднаш на дело ја покажа својата величина откако предводен од потпретседателот на клубот и десната рака на Флорентино Перез, Едуардо Фернандез де Блас и легендарниот Роберто Карлос го уприличија коктелот организиран од Пења Мадридиста Македонија.

Барам карта за Супер Купот и на дрво и под камен

Ако некој се обидува да му пише на навивачов за карта, нека не се фали, бидејќи МВР синоќа соопшти дека уапсен е 41 годишен скопјанец кој препродавал билети на интернет за 600 евра.

Роналдо и кумановските влечки

Кристијано Роналдо е втор ден во Македонија. Сосема доволно да види нешто што воопшто не очекувавме. Одиме со епска фотографија на денот.

Од каде и од кого потекнува идејата за Супер Куп

Утре вечер на 8. август љубителите на европскиот фудбал ќе уживаат во мега-дуелот од Супер Купот на стадионот „Филип Втори“ во Скопје. На кој прв му текнало на еден меч да се пробаат најјаките во моментот?

Пристигнувањето на Манчестер Јунајтед во хотел

И покрај големиот интерес на македонските фановите и новинарските екипи, пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза требаше да имаш двоглед за да ги видиш Мурињо, Лукалу, Матиќ, Рашворд и компанија. Полиција колку сакаш. Сликање и снимање, само ако имаш добар зум.

„Кралевите“ слетаа во Скопје

Во најсилниот состав, со сите ѕвезди меѓу кои и лидерот Кристијано Роналдо кој беше на поштеда но самиот инсистирал да игра утре вечер, европскиот шампион попладнево стигна во Скопје.

Како Левандовски даде 5 гола за 9 минути

Пред две сезони Волфсбург му гостуваше на Баерн и само го налути со водството од 0-1 после голот на Даниел Калиџури. На полувремето влезе Полјакот Роберт Левандовски, за девет минути ја изрешета мрежата на противникот и постави неколку рекорди.

Коце ќе навива за подобриот

Градоначалникот на Скопје ги посети фан зоните каде ќе има музичка програма а на прашањето на новинарите за кого ќе навива утре, имаше занимлив одговор.

Најдобриот меч на Трајковски во дресот на Палермо

Италијанскиот третолигаш Виртус Франкавила синоќа налета на расположениот Александар Трајковски кој по четирите гола на пријателска, овој пат блесна со хет-трик во Куп натпревар. Палермо на крајот славеше 5:0, а во следното коло ќе игра со Каљари. Во игра беше и капитенот Несторовски кој не постигна погодок.

Пред хотелот на Манчестер Јунајтед не може да се припари

Иако ѕвездите на Јунајтед сè уште не се пристигнати во Скопје, пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза утрово не можеше да се помине. До селфи или автограм од Жозе Мурињо и неговиот тим изгледа дека тешко ќе се стигне.

Европскиот сон на ФК Вардар

Откако покажа заби против двете скандинавски екипи, а за малку не ги елиминираше и двете, македонскиот првак за 10 дена ќе се обиде повторно да дојде до историја. Силите ќе ги одмери со Фенербахче кој важи за фаворит, но Вардарци на 17 август очекуваат полн стадион и огромна поддршка. И нема зошто да им се плашат, 19 кратниот првак на Турција не е Реал Мадрид. Напред момци.

Рушењето на рекордните трансфери последниве 25 години

Роналдо и Виери во Интер, Креспо во Лацио, Фиго и Зидан во Реал. Во тој период рекордните трансфери изнесуваа околу 100 милиони марки (50 милиони евра). Со Роналдо (94 милиони), Бејл (100 милиони) и Погба (105 милиони) веќе се претера, а со Нејмар се забега.