Фудбал

Најтрогателна дружба во Бразил со слепоглув навивач

Карлос Жуниор навива за Бразил со цело срце. Тој ги гледа натпреварите на „кариоките“ со помош на своите другари. На дуелот со Костарика еден од другарите го држи Жуниор за раце и на мини-теренче му ги покажува комбинациите на Бразил кога Кутињо даде гол а другиот му дава тапанче да прослави.

Мексиканска фирма со директор Кореец

Ти си Мексиканец, директорот ти е Кореец и после тоа што им го направија Корејците на Германците на Светско, ич не ти чуе дали ќе касниш на работа или ќе се појавиш во одело или дрес. Ела директоре ваму. Ти си наша икона.

Дел од причините поради кои Германија испадна од Светско

Лев веќе неколку години не ја освежи репрезентацијата. Германија освои злато на Европските првенства до 21 и до 17 години, но ниту еден член на тие талентирани генерации не доби шанса да ги смени индиспонираните Озил, Кедира, Милер и Марио Гомез.

Крај на неверојатната традиција на Германија стара 64 години

Четирикратниот Светски првак “ја одбрани“ титулата исто како Франција, Италија и Шпанија во новиот милениум, a да е само тоа.

Најдоброто од Германија на ова Светско

Бранителот на титулата се падна во една од најлесните можни групи на ова Светско првенство со Мексико, Шведска и Јужна Кореја и успеа да ја победи само Шведска и тоа едвај со гол во 95-та минута. Сите нивните мајстории може да ги видите во видео од 11 секунди.

Единствениот начин да не падне Нејмар

Тоа дека Нејмар не може да биде најдобар играч во светот поради тоа што постојат Меси и Роналдо не е точно, бидејќи тој со ваков однос кон фудбалот нема да биде број 1 и кога овие двајцава ќе се пензионираат. Затоа се овие монтажи.

Нејмар се ролаше како палачинка до паркинг

Бразил и Швајцарија се новите осминафиналисти на Мундијалот во Русија. Бразил не одигра ништо посебно против Србија, но не дозволи изненадување, а Коста Рика со смешен пенал во 93-та стигна до реми против Швајцарија. Нејмар глумеше како никој.

Јужна Кореа ја исфрли Германија, Светското продолжува без шампионот

27 јуни 2018 ќе се памети како ден во кој се случи едно од најголемите сензации на Светското првенство. Јужна Кореја ја нокаутираше Германија со 0:2 и ја исфрли од Мундијалот. Понатаму одат Шведска и Мексико кого Скандинавците го прегазија со 3:0.

Милан исфрлен на една година од Европа

Она што долго време се најавуваше, денеска и официјално се оствари. Трофејниот италијански клуб е суспендиран на една сезона од еврокуповите.

И Аргентина има свој Хорхе

Сампаоли е единствениот селектор на Светското кој се откажа од својата првобитна формација а и целосно изгуби контрола над репрезентацијата, па Аргентина може и без него на клупата.

Како Реал му го грабна на Атлетико Раул Гонзалес

Шпанската фудбалска легенда со 16 сезони и 16 трофеи во кралскиот клуб, денеска слави роденден. Можеби некој од вас не знае дека пред да стане член на Реал, се калеше во Атлетико и за да успеат да им го земат го излажале, ама на многу штосен начин.

Пред една година татко му на Погба починал, сега игра за него

Светското првенство 2018 е посебно за Пол Погба, фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој пред една година останал без најдрагиот човек во својот живот.

Остај му го бе цреп

Колку треба да си без осет за да се грабаш по дрес преку ред во кој неместени беа мајка со 16 деца. Плус да си од Перу, а дресот беше наменет за едно од децата Австралијци, од страна на ветеранот на Австралија Тим Кејхил. Ќе го шитнеше во прва прилика ако го здиплеше.

Вратот го болело

Диего Армандо Марадона, да бидеме реални, на моменти не знаеше на која планета се наоѓа за време на мечот меѓу Аргентина и Нигерија, така што соопштениево е малку како да ви кажеме...

Голманот кој никогаш не бранел за Аргентина, а дебитираше на Светско

До 31 година чекал да му се исполни животната желба и да брани за својата земја. Сонот му се оствари на Светско првенство каде имаше одлично деби.

Во меѓувреме одиме на Антартикот

Најладната и најдалечната партија славје синоќа се случи на Антартикот. Метереолошката служба на Аргентина сподели видео од научници и истражувачки кои го слават пласманот на Аргентина во нокаут фаза на -4. Ма браво. Не за џабе рекле дека Светското првенство е планетарен собир.

Новинарот кој му донесе среќа на Меси

Новинарот: По првиот натпревар ви дадов амајлија што ми ја даде жена ми, не знам дали ја фрливте или...? Меси му ја покажува дека ја носел во нога, новинарот воодушевен, се врти накај камера и не може да поверува.

Славје на Аргентинците во автобус

По сите перипетии и слаба и безлична игра во првите две кола, селекцијата на Аргентина конечно најде начин да заличи на нешто и со една победа да замине во осминафинале. Репрезентативците се пресреќни што го избегнаа најнепосакуваното сценарио и тоа го прославија со песна.

За кого навиваше вечерва Марадона?

Урлаше, па спиеше, па пак урлаше, па на голот на Меси се исклучуваше и на крај им покажуваше среден прст веројатно на поразените. Но еве сега гледаме и кого величел.

Аргентина се спаси од резил, а Марадона се поремети

Со голот на Маркос Рохо во 86-та минута, Аргентина се избори за осминафинале во директниот дуел со Нигерија за второто место. Четири минути подоцна на Гаучосите им олесна откако дознаа дека Перишиќ го тресна Исланд во последна минута.

Перу даде гол на Светско после 36 години, Данска оди на Хрватска

Во последното коло од групата Ц Франција и Данска одиграа колку што им треба за едните да останат први, а другите втори. Перуанци плачеа на голот кој го чекаа 36 години.

Косоварите собираат пари да ја платат казната на Шаќири и Џака

Иако се најавуваше дека ФИФА ќе ги казни Гранит Џака и Ѓердан Шаќири со неиграње натпревари на Светското, сепак се решија само парично да ги казнат фудбалерите кои имаат потекло од Косово а играат за Швајцарија.