Нејмар се ролаше како палачинка до паркинг

Бразил и Швајцарија се новите осминафиналисти на Мундијалот во Русија. Бразил не одигра ништо посебно против Србија, но не дозволи изненадување, а Коста Рика со смешен пенал во 93-та стигна до реми против Швајцарија. Нејмар глумеше како никој.

Ако навистина го боли толку многу за да се витка вака, реално сега треба да излезе од стадион на штаки со гипс до муда.

СРБИЈА - БРАЗИЛ 0:2

0:1 Паулињо (36 минута)

0:2 Силва (68 минута)

ШВАЈЦАРИЈА - КОСТА РИКА 2:2 

1:0 Џемаили (31 минута)

1:1 Вастон (56 минута)

2:1 Дрмиќ (88 минута)

2:2 Зомер (автогол 93 минута)

ГРУПА Е: Бразил 7, Швајцарија 5, Србија 3, Коста Рика 1

Осминафинале:

Бразил - Мексико
Швајцарија - Шведска