УЕФА немаше милост за Милан во однос на драстичното прекршување на финансискиот фер плеј, па италијанскиот гигант следната сезона ќе игра само во домашните натпреварувања.
Милан нема да може да игра во еврокуповите во сезоната 2018/2019 а клубот е казнет и со 100.000 евра. Казната за Милан со радост ја дочекаа во Фиренца затоа што Фиорентина ќе влезе наместо Милан во 2. квалификациско коло за Лига Европа.
„По контролата на финансиската контрола на УЕФА со која председава Хозе Нарцизо да Куња Родригез, овој орган го прогласи АЦ Милан за виновен за прекршување на финансискиот фер-плеј и кршење на правилото за изедначен биланс (break-even rule).
Ова е најголем удар за Милан во последните неколку децении. Во меѓувреме кинеските сопственици на клубот преговараат со Американец со италијанско потекло за продажба на клубот.