На 13 години Раул се приклучува во школата на Атлетико Мадрид, силно поддржан од татко му Педро, кој од секогаш е голем навивач на Јорганџиите. Се чини дека тоа е почеток во неговиот Атлетико чии натпревари со страст се следат во неговиот дом.
Но таму се случува нешто незамисливо. Тогашниот претседател на клубот Хезус Хил се одлучува да ја укине академијата на клубот со шокантно образложение дека сака сите финансиски сили да ги насочи кон веќе готовите играчи. Апсурдно.
Така градскиот ривал и непријател, Реал Мадрид профитира и не ја испушта можноста да го грабне 16 годишниот Раул.
Но што се случува во меѓувреме. Во Атлетико Мадрид во тој момент ја сфаќаат тежината на грешката и се обидуваат да го задржат нудејќи му важен договор, како и работа за татко му кој останал без работа.
Успеваат да го убедат татко му, а многу потешко Раул, бидејќи односот меѓу него и раководството се оладил. Причината е едно ветување кое му го дале, а не го исполниле, а тоа е да му вратат пари за транспорт кои секој ден Раул ги давал за да оди на тренинг.
„Татко ми остана без работа и помина една тешка година. Атлетико играше на таа карта и јас го прифатив предлогот без разлика што немав повеќе толку доверба во нив“.
Така Раул бил готов да се врати во Атлетико, но тогаш се вмешал неговиот ментор Хорхе Валдано, тогашен тренер на Реал Мадрид.
„Како го убедив Раул? Му реков дека ако дојде кај нас за две години ќе биде дел од првиот тим на Реал Мадрид. И тоа беше една голема лага. Зошто? Затоа што заигра за три месеци“.
Така се случи стартот на легендата составена од 3 титули Лига на шампиони, 2 Интерконтинентални купови, 6 титули во Ла Лига и скоро 500 голови во кариерата.
Напаѓач за пример кој никогаш не беше под врвот.
Среќен 41 роденден Раул Гонзалес.