На официјалната Фејсбук страна на аргентинската легенда каде го следат скоро 9 милиони луѓе, утрово се појави соопштение за неговата здраствена состојба во која Марадона вели вака:
„Сакам само да ви кажам дека сум океј и дека не сум бил хоспитализиран. За време на паузата на мечот против Нигерија имав силна болка во задниот дел на вратот. Ме посети лекар и ми даде совет во второ полувреме да одам дома, но јас решив да останам бидејќи игравме на сè или ништо. Како можев да заминам? Бакнеж за сите и фала за поддршката. Диего сепак ќе биде таму некое време“.
Од најновите фотографии на Марадона, се гледа дека барем денеска сè е во ред со него и дека е на пат кон Москва каде Аргентина во сабота ќе игра осминафинале против Франција.
27 de Junio de 2018. 1:08 am Rusia. Diego Maradona a punto de tomar vuelo para Moscú. pic.twitter.com/KeXMtkP54h
— Patricia Villegas (@pvillegas_tlSUR) June 26, 2018
1:41 am Rusia. A punto de ✈️. Diego: estás hospitalizado? pic.twitter.com/xfktQFUSk0
— Patricia Villegas (@pvillegas_tlSUR) June 26, 2018
Инаку на ова со вратот му претходеше:
АРГЕНТИНА СЕ СПАСИ ОД РЕЗИЛ, А МАРАДОНА СЕ ПОРЕМЕТИ