Сме остареле или што е работава? Замислете летна точно 21 година од голот на Кларенс Сидорф кој го даде од позиција од каде обично секој друг нафрла. Имало евроголови и евроголови, ама ваква шајка од крајот на светот повеќе не видовме.
И 10 дена по финалето од Лига на шампиони, некој уште има што да каже на тема фаулот на Рамос врз Салах. Можеби Златан нема да си го добие по рамо, ама затоа...
На точно 10 дена до стартот на мундијалското лудило, традиционално го објавуваме распоредот на натпреварите за кои ќе бидете укотвени пред телевизор од 14-ти јуни до 15-ти јули.
Висок, слаб, тенок, со неверојатна левица каков што беше во текот на целата кариера, таков бил и при своите почетоци во Бразил кога уште го знаеле само локалците.
На 11 дена до стартот на Мундијалот селекцијата на Бразил реши да се појача во делот на средниот ред и нападот, па на Паулињо, Фернандињо и Кутињо друштво ќе им прават Бразилците:
Поучени од катастрофалните изведби на пенали на најважните нокаут натпревари на Светски и Европски првенства, Англичаните сега вежбаат да шутираат пенали пред Мундијалот во Русија. Никој како нив не промашувал пенали низ историјата.
На пријателската Белгија - Португалија пред почетокот на Светското, белгискиот стопер Јан Вертонген го запиша својот 100. настап за „Црвените ѓаволи“ а наградата му ја врачи мајка му.
Од заебаните гета на Марсеј каде харале криминални банди малиот Зинедин го извлекол еден човек кој работел како скаут за фудбалскиот клуб Кан од каде Зизу ќе ја почне неверојатната кариера.
Им донесе 9 трофеи од кои 11-та, 12-та и 13-та во Лига на шампиони, дојде тивко, без врева, медиумски паради, листа на желби и слично и си замина тивко. Зинедин Зидан ќе го паметат како домаќин човек во одделот за финансии на клубот.
По Борусија Дортмунд, најдобриот светски спринтер замина на проба во норвешкиот клуб Штромготсет, каде повторно покажа дека нема само желба за фудбал. Болт им продаде добра финта на шева, а потоа даде и гол.
Леброн ми го украде аутфитот од времето кога бев носач на прстенот на свадба кога имав 4 години, се вели во еден од многуте коментари за тоа како синоќа беше облечен за првото НБА финале.
Иако Кралот Џејмс експлодираше со 51 поен, кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1:0 на стартот на финалната серија, четврта во низа против Кливленд. Кој знае како спиел ноќеска Џеј Ар Смит после овој потег под кошот во финишот од средбата.
Браќата Тео и Лукас Ернандез ќе се сретнат еден против друг на 15. август во борба за Супекупот на Европа кога ќе играат Реал Мадрид - Атлетико Мадрид.
Деветте трофеи во две и пол години, од кои три рекордни по ред во ЛШ не е единственото нешто по кое ќе остане запаметен како посебен во историјата на Реал Мадрид. Од неговиот престол никој не си заминал на таков џентлменски и храбар начин во ерата на човекот кој секогаш сам ги правеше чистките.
31 мај 2009 е истористи датум за Милан, италијанскиот и севкупно светскиот фудбал бидејќи од сцена си замина еден од најјаките дефанзивци во историјата. Се играше Фиорентина - Милан, Паоло излезе од игра, Чезаре успеа да ги задржи солзите, а тој најдобро знае како почна и успеа син му.
На еден од последните натпревари пред Светското првенство 1998 во Франција, Југославија ја пречекала Нигерија на пријателска средба. А мечот го коментирал Милојко Пантиќ кој не пропуштил шанса да се позафркава.
Кој знае како ќе завршеше финалето во ЛШ меѓу Реал и Ливерпул, ако Кариус не беше кашкавал во тоа рацете. Вака човекот сега е оставен на милост и немилост во тролачкиот свет на интернетот скоро една недела.
Во третата фудбалска лига на Аргентина после месеци и месеци големи борби за титулата, на крајот првакот го извлекле на лотарија само зошто екипите имале исто бодови и дадени голови.
Германците се тресат периодов дали и во каква форма ќе влезе една од нивните главни карики во тимот, Мануел Ноер, кој беше повреден. Со ваков професионален пристап на тренинг не треба да берат многу гајле.
Нејасно е тука дали играчов имаше намера само да расчисти или пробуваше директно во гол, ама како и да е се знае кој е крив. Ирскиот Кариус. Голот го дава фудбалер на Корк Сити.