
Минатиот викенд, во неделата се одигра големото градско дерби Бетис - Севиља. Во 75’ минута од мечот ветеранот Хоакин влегува во игра во неговата 19’ сезона во кариерата, во зелено-белиот дрес каде и почнал.
Влегува на терен на една нималку наивна средба, во дерби меѓу жестоко омразени ривали. После само 5’ минути дава гол и на своите навивачи им носи радост на која чекаат цели 12 години!
Толку време Бетис не ја победил Севиља на домашен терен. И кој друг би ја прекинал оваа негативна серија ако не тој - Хоакин Санчез Родригез во 2000-те најголем талент на шпанскиот фудбал, а денес сакан ветеран и идол на многу млади во Андалузија.
***