Фудбал

Не за џабе од Москва дадоа 8,5 милиони евра за него

Никола Моро има само 21 година и веќе е сметан за легитимен наследник на Лука Модриќ. Летово од Динамо Загреб замина во Динамо Москва за 8,5 милиони евра. Синоќа Хрватска У21 со 5:0 ја згроми Грција У21, а Моро даде фантастичен гол уште во 45 секунда.

И како сега ние ова да го објасниме?

Многу прашања предизвикува оваа боречка сцена во арапскиот фудбал. Што ли сакаа да постигнат и што да прави судијата во ваков случај?

Ај сега Златан да ви раскаже една анегдота за Меси

Во денови кога се кршат копјата и се чека конечната одлука за иднината на еден од најголемите на сите времиња, не бива да се игнорира случка со Ибрахимовиќ, раскажана се разбира во Ибрахимовиќ стил.

Чудни се патиштата фудбалски - некогаш му беше идол, сега може да заиграат заедно во Јуве

Уругваецот Луис Суарез е пред вратите на Јувентус каде би дошол откако новиот тренер на Барселона Роналд Куман решил дека за шпицот со богато искуство нема веќе место во тимот.

Симеоне е експерт за трансфери и е близу на Атлетико да му донесе милијарда евра

Само четири клубови во светот во последниве 10 сезони заработиле повеќе пари од трансфери од Мадриѓаните. Со аргентинскиот стратег најпрофитабилно лето клубот имал лани во кое од играчи инкасирал 312,5 милиони евра.

Челси донесе 6 врвни засилувања и нема намера да запре

Богатиот Роман Абрамович никогаш не жалел пари да го засили својот сакан Челси, а летово клубот се освежи како речиси никогаш во трофејната ера на Русинот. И немаат намера да сопрат, а во истовреме и продаваат солидно.

Полскиот клуб во кој од 23 играчи, пола се презиваат исто

Можеби не е најдобриот ни па најстар клуб во Полска, ама е познат по тоа што половина од играчите носат исто презиме. ЛКС Гранични Кровица е најверојатно уникатен клуб во овој податок.

Затоа Зидан не го става во игра

Фоторепортерите кои ја следат репрезентацијата на Велс во пресрет на новото издание на Лига на нации, уловија интересни кадри како Герет Бејл ја пушта долгата коса.

Полека дете, цел Париз го издрибла

Внимавајте добро на седмицата. Прием, потоа класично орање на пола тим како бавча со ролинзи и на крај гол. Билал Камара го погодил градот, ама го утнал тимот. Игра за младинскиот тим на второлигашот Париз. ПСЖ дали се слушаме?

Голчиште на Корона

ЛА Галакси го победи Портланд на гости со 2-3 во МЛС лигата а јунак на триумфот беше Џо Корона со бомба од 20-ина метри. Џо Корона игра за репрезентацијата на САД а презимето му е баш актуелно годинава.

Судија да не треба лупа да ти обезбедиме?

На пријателски меч меѓу Виљареал и Реал Сосиедад ова невозможно паѓање сам од себе беше досудено како пенал. Неверојатно.

Чудниот рекорд на Јуве кој во последните 23 години има 24 домашни трофеи и нула меѓународни

Газета дело Спорт објави статистичка студија за Јувентус од која треба да се нагласи еден факт што најдобро ја илустрира апсолутната доминација на Бјанконерите во Италија. Освоиле 62% од можните трофеи во последните 23 години.

Незапирливиот Азар од времето во Лил

Доволно е да му го погледнете само првиот соло продор за да сфатите каква играчина бил уште како помлад. Шанса во првиот тим на Лил добил на 16 години, а потоа Руди Гарсија му обезбедил стандардно место. Во првите пет сезони од кариерата до својата 21 годишна возраст постигнал 50 гола, а потоа Челси во 2012-та го купува за 32 милиони фунти. Ѕвер.

Во Романија после 20 секунди прават измени и користат дупка во правилата

Романскиот клупски фудбал важи за еден од најзабавните во Европа, поради тоа што редовно има некои циркузи. Како на пример она со правилото за задолжителен млад играч на теренот од стартот.

Симболот за трет голман, Томазо Берни после 6 години и 0 настапи завршува со Интер

Шест сезони, 0 настапи, два црвени картони. Ова се бројките на Томазо Берни, третиот голман на Интер од 2014-та којшто заминува од клубот на 37-годишна возраст.

Ристовски: Не би се ставил како фаворит, Ковидов поремети граници

Македонската фудбалска репрезентација на 5 септември ќе го одигра првиот меч во новата сезона од Лига на нации против Ерменија. Тоа е воедно и прв нивен натпревар годинава за А тимот кој ќе се игра под нетипчки околности: Без публика и во 15 часот на сонце, за што не им е сеедно на Стефан Ристовски и Бобан Николов.

Клучна средба меѓу Хорхе Меси и Бартомеу, целта на Лео е раскин по мирен пат

Во 8 часот по средноевропско време, со приватен авион на аеродромот Ел Прат во Барселона слетал Хорхе Меси. Таткото на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња стигнал директно од Розарио.

Тонали, Киеза, Донарума, Ромањоли - се гради ли најталентиран италијански Милан?

Откако благодарение на Малдини и големата љубов на Тонали кон Милан, овој талентиран бисер го одби најголемиот ривал Интер и потпиша со росонерите, сега клубот од Сан Сиро се врти кон уште еден талент.

Чиста магија на тренинг на Шпанија

Шпанската фудбалска репрезентација неделава ја чекаат два меча од новото издание на Лига на нации. Прво утре дербито со Германија на „Мерцедес Арена“ во Штутгарт, а после со Украина во недела. За време на еден од последните тренинзи, Родри и Тиаго покажаа што знаат.

Што сè ќе има од фудбал во септември?

Ковидот внесе конфузија во фудбалската шема и сега се испреплетија и закаснија многу натпреварувања. Не се знае што се доигрува од прошла, а што стартува во новата сезона. Ред е да разјасниме, ама и да му се радуваме на месецов. Ќе биде многу богато. 

Легендата за Меси во едно видео

Уште нема никаква разврска на случајот Меси-Барса, но Аргентинецот полека врти нова страница од неговата неверојатна кариера. Дури и на неутралните емотивно им паѓа крајот на една ера која што го одбележа светскиот фудбал. Би било чудно да се гледа во друг дрес.

Како Ханси Флик, сјајниот тренер на Баерн, напуштил студии за да игра за Баварците

Во жестока конкуренција, Ханси Флик со убедливо повеќе гласови е избран за најдобар германски тренер на сезоната 2019/2020. А за неговата кариера и живот и после тројната круна со Баерн, не се знае многу.

Сонцето изгрева наутро, земјата се врти, а ние пак ќе играме со Бенфика или Ајакс

Грчки ПАОК просто се помири со судбината цела вечност во квалификациите за Лига на шампиони да игра против Ајакс или Бенфика. Веќе ни сами не знаат колку пати низ годиниве од стотици други клубови на ждрепките, секогаш им паѓа холандскиот или португалскиот клуб. И пак им падна.

Мурињо со фак оф за новинар кој вика дека неговото време поминало

Во сјајната документарка од Амазон за Тотенхем 'All or Nothing', Жозе Мурињо седи во својата канцеларија и слуша на телевизија како коментар збори дека времето на Жозе поминало. Португалецот ладнокрвно го исклучува.