Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот го игра претпоследниот меч во квалификациите за СП 2022.
Шансите за пласман на втората позиција, која носи место во баражот се јасни, ама и многу отежнети после низата киксови.
Бркаме 6 бода против Ерманија и Исланд со надеж дека Романија нема да ги освои и ќе киксне на еден од дуелите, дома со Исланд или на гости со Лихтенштајн.
Боби Милевски како селектор дебитираше на 2 септември токму против Ерменија, дуел од кој за жал освоивме само бод.
Вечерва во Ереван има шанси за поправен, пред сè за задржување на шансите за историски пласман во баражот за Светско, а потоа и за подобрување на негативната традиција на овие гостувања.
Македонија на гостувањата против Ерманија има само една победа, едно реми и три порази од кои два високи 1:4 и 0:4.
Единствената победа ни датира од 4 јуни 2005 во квалификацискиот циклус за СП 2006, кога Пандев даде два гола, а поразот на 1:2 го ублажи Манучарјан.
Македонија на тој натпревар настапи со: Маџовски, Лазаревски, Петров, Попов, Седлоски, Васоски, Гроздановски, А.Митрески, Пандев, Шумуликоски, Мазнов (замени: Крстев, Исмаили, Кралевски) селектор: Слободан Сантрач.