Фудбал

Сонцето изгрева наутро, земјата се врти, а ние пак ќе играме со Бенфика или Ајакс

Грчки ПАОК просто се помири со судбината цела вечност во квалификациите за Лига на шампиони да игра против Ајакс или Бенфика. Веќе ни сами не знаат колку пати низ годиниве од стотици други клубови на ждрепките, секогаш им паѓа холандскиот или португалскиот клуб. И пак им падна.

Мурињо со фак оф за новинар кој вика дека неговото време поминало

Во сјајната документарка од Амазон за Тотенхем 'All or Nothing', Жозе Мурињо седи во својата канцеларија и слуша на телевизија како коментар збори дека времето на Жозе поминало. Португалецот ладнокрвно го исклучува.

За 6 години Аталанта заработила 85 милиони евра од трансфери

Клубот кој ја импресионираше фудбалска Европа со фантастични партии, ретко греши и на трансфер пазарот каде сјајно работат во последните неколку години.

Сплитски Хајдук доаѓа во Скопје на мегдан за Лига Европа

Македонските претставници во квалификациите за Лига Европа, денеска напладне ги добија своите ривали – Силекс против Дрита, Ренова ќе игра против Хајдук Сплит, а Шкендија против романски клуб за кој играат двајца Македонци.

Пријателе, ти не смееш да играш против Наполи

Најпознатиот „инвајдер“ кој редовно упаѓа на големи натпревари па редари го бркаат по цел терен додека стадионот се забавува, овојпат не можел да игра на пријателски меч против својот сакан клуб. Полицијата му забранила.

Тричковски и Стефан Спировски го урнаа големиот АПОЕЛ

Македонските репрезентативци беа главни актери во решетањето на АПОЕЛ Никозија во кипарското првенство. АЕК Ларнака славеше со 3:0 а Тричко и Спировски дадоа по еден гол за втор триумф на АЕК Ларнака во шампионатот.

А царот што веќе ја побарал 10-та на Меси?

Главна тема во светот на спортот летово е желбата на Лионел Меси да замине од Барселона после цели 20 години. Аргентинецот уште не отиден од Камп Ноу, а веќе ја бараат неговата бројка на дресот. Комично.

Доерти бришеше твитови на тема љубов кон Арсенал

Ирецот Мет Доерти важи за еден од најдобрите бекови во англиската Премиер лига. Навивачите на Тотенхем се презадоволни што клубот успеа да го купи од Вулверхемптон за пристојна сума, ама Доерти мораше да брише стари твитови во кои изразува љубов кон омразениот ривал на Хотспур.

Слободен удар на колото

За фудбалер нема поголем ќејф од тоа да го реши мечот со ефектен гол. Густаво да Коста така му донесе три бода на Олимпијакос Никозија на Кипар против Паралимни (1:2) со фантастичен слободен удар.

Па како успеа вака да шутнеш пред празен гол, физиката ја сруши

Со три гола на капитенот Мемфис Депај и еден на Весли Лаутоа, Лион со 4-1 го прегази Дижон, па многу и нема да се памти промашувањето на Максвел Корне. Епско промашување.

Клоп во свој стил за Лионел

Некои медиуми веќе прават анализи околу тоа како најдобриот играч на светот ќе игра во тактиката на Манчестер Сити кај Гвардиола, а некои уште си поигруваат со нагаѓања каде Меси ќе ја продолжи кариерата. Па го начекаа Клоп да го прашаат дали го гледа Лео на „Енфилд“.

Родниот град на Меси на нозе - Розарио се надева на својот најголем син

Барањето на Меси преку бирофакс за заминување од Барса не само што ги растревожи Каталонците кои дојдоа пред „Камп Ноу“ и бараа оставка од Бартомеу, туку ги крена на нозе и навивачите на Њуелс Олд Бојс.

Голман, кафе да не сакаш?

Младиот Аргентинец Николас Иван Гонзалес постигна супер гол од пола терен на пријателската со Хамбург која неговиот Штутгарт ја доби со 3:2. Нико даде два гола од кој едниот беше мајсторија.

Правна основа на договорот на Меси - може ли стварно да замине за 0 евра?

Најголемите две интриги на летниот трансфер пазар се: 1. Дали Меси ќе замине од Барселона? (има цврста намера да си оди, но имаше и претходни години) и 2. Ако си оди, дали ќе замине бесплатно?

Сите патишта водат во Сити

Англискиот клуб важи за прв фаворит за потписот на еден од најголемите на сите времиња, доколку Аргентинецот навистина замине од Барселона после цели 20 години.

Фиго и Роналдо за ситуацијата со Лионел

Светот на спортот веќе неколку часа непрестано дебатира околу сагата Меси и Барселона, откако Аргентинецот побарал раскин на договорот и изразил желба да замине од Камп Ноу. Свое мислење дадоа и големите мајстори на фудбалот, луѓе кои играа и за Реал и за Барселона.

Како одат избори, референдум и потписи на сосиоси за смена на претседател во Барселона?

Претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу е под јак притисок од сите страни. Веќе неколку месеци го напаѓаат негови потенцијални наследници, а од вторникот вечер и многу легенди на клубот.

Зошто Меси сака да замине од саканиот клуб?

Аргентинецот се спремал долго време и синоќа како гром од ведро небо ја потресе светската јавност: Меси на управата ѝ пратил бирофакс со официјално барање. Според Marca, Лионел сака да ја искористи клаузулата во договорот за едностран раскин на договорот (може да ја активира на крајот од секоја сезона).

Кандидати за најубав гол на сезоната во Лига на шампиони 19/20

УЕФА објави список на претенденти за најдобар гол на сезоната во елитното натпреварување кое заслужено го освои Баерн Минхен со рекордни 11 победи. Тука се Даглас Коста, Роналдо, Гнабри, Холанд, Лаутаро, Корне, Суарез, Олмо, Куадрадо. Кој од кој поубав гол

Фантастични евроголови во Јапонија

Автор на првото ремек дело, на мечот Точиги - Ависпа Фукуока (0:1) е Швеѓанецот Емил Саломонсон од слободен удар, а второто ремек дело на мечот Варен Нагасаки - Чиба беше дело на Отаке од 35 метри.

УЕФА размислува да го задржи системот со по еден меч на неутрален терен

Само што заврши евросезоната 2019/2020, а УЕФА веќе размислува што да прави со следната. Претседателот Чеферин соопшти дека почнале разговори за тоа да се задржи актуелниот формат.

Како тргнало, ќе го видиме Мануел Ноер во Антички театар

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Германецот Мануел Ноер кој пред неколку дена со фантастични одбрани му донесе втор пехар на Баерн во Лигата на шампиони, летово одмораше на хрватското приморје каде е чест гостин последниве години. Секоја втора вечер се појавуваа снимки како Ноер пее хрватски песни.

Тренингот со ланци на Серхио Рамос

Капитенот на Реал Мадрид после краткиот одмор и крстарење по Медитеранот, решил да отиде во приватна теретана и малку да истрча во природа.

Роналдињо излезе од притвор после 6 месеци

На крајот од излагањето на судиите кое траело три часа и кое било пренесувано директно на телевизија, некогашниот најдобар фудбалер на светот е пуштен на слобода во Парагвај. Во притвор беше од 7 април.