Фудбал

Турски судија свирнал крај пред време, па ги вратил играчите од туш да доиграат

Во 12. коло од елитната турска Суперлига, се сретнале Газиантеп и Касимпаша. Во вториот дел судијата на мечот, Халис Озкахја дал девет минути продолжение што било и очекувано поради бројните измени и прекини.

Шведскиот селектор е најголем мераклија за хот-дог, добил и мастер диплома за љубовта кон овој сендвич

Долгогодишниот селектор на фудбалската репрезентација на Шведска Јане Андерсон негува посебен однос кон хот-договите. Навивачите на Шведска, а посебно жителите на градот Халмштад одамна му ја знаат оваа слабост кон вековниот сендвич со виршла.

Фудбалерите на Интер играа шева со Салемакерс

22 годишниот Алексис Салемакерс во еден момент се најде во триаголник на миланското дерби како на тренинг. Прими една топка на аут линија, се обиде со евтина финта да го помине Бастони, ама овој му се постави како Валтер Самуел, а потоа со помош на Перишиќ и Чалканоглу си го играа.

Цела Романија чека деби на 15-годишно дете, година дена бил во Ла Масија

Селекторот на репрезентацијата на Романија која е во група со Македонија во квалификации за Светско првенство 2022, Мирел Радои неочекувано за дуелите со Исланд и Лихтенштајн повикал 15-годишно дете и ја зачуди романската но и пошироката јавност.

Не со мене да прославуваш победа, судија сум

Феенорд го совлада Аз Алкмар со 1:0, а голот падна во 92-ра минута, тајминг во кој обично прославите за гол се пожестоки од вообичаеното. Асистент тренерот на домаќините одлепи. Прво го јавна главниот тренер, па му скокна на четвртиот судија.

Ваков гол кроз нозе два се брои уште?

Нема многу мангупи меѓу плејмејкерите во Серија А, со 10-ка на грбот како Луис Алберто. Шпанецот е еден од водечките играчи на Лацио, кој освен што дели топки со очи, знае и на ваков начин да ги понижува дефанзивците. Ретки се овие мајсторски голови.

Чудото во Белгија - разбудениот гигант после 48 години се врати во прва лига и лидер е на табела

Идиомата заспаниот гигант која во спортот први ја сковаа англиските медиуми (Sleeping Giant) најдобро го опишува белгискиот клуб Ројал Унион Сент Жилоа (Union Saint-Gilloise), познат едноставно како белгиски Унион.

Во Бразил фудбалот е повеќе од игра - го провоцираа Гремио со ковчези дека испаднал од лига

Во Бразил во саботата вечер се одигра големото дерби, бразилското суперкласик или познатото дерби Гре-Нал. Интернасионал и Гремио играа жесток меч, а единствениот гол за домаќинот во 39’ минута го постигна поранешниот капитен на Шахтјор и лидер на Интернасионал, Тајсон кој е капитен и број 10.

Мексиканец направи совршен хет-трик, каков е тој подвиг?

Пумас УНАМ и Круз Азул одиграа луд натпревар со 7 гола во мексиканската Лига МХ. Домаќинот победи 4-3, ама главен хајлајт од овој дуел е совршениот хет-трик на Роберто Алварадо кој во 12“, 21’ и 44’ минута од првиот дел постигна гол со лева, со глава и со десна нога. Сите во едно полувреме.

Драмата пред голот на Хандановиќ во 90-та минута и двата гола

Градското дерби во Милано во 12. коло од Серија А заврши 1:1, резултат од кој веројатно никој не е задоволен. Интер останува на -7 од Милан, а пак росонерите не искористија голема шанса во финишот со која ќе беа лидери на табела.

Фудбалер на Лудогорец се надмина себе си во промашување пенал

Пјерос Сотириу, репрезентативец на Кипар и член на Лудогорец постави нови критериуми во изведување пенал, кој не се повторува ниту со напорни тренинзи. Па дечково го измами фудбалот и очекуваме светска слава да стекне со клипов.

Гол во Словенија после кој стадионот стоеше во чудо

Фудбалерот на словенечкиот клуб Радомље, Гедеон Гузина од БиХ, на мечот со Целје постигна гол на кој може да му позавидат Роналдо, Меси, Нејмар и Дибала. Некогашниот играч на Сараево и Борац Бања Лука направи шоу за кое неколку дена се зборува на социјалните мрежи.

Рецептот на ПСЖ е Мбапе - Нејмар

Со Ди Марија и Икарди на клупа и Меси повреден, ПСЖ без проблеми го делка Бордо на гости и по 1 час игра има 0:3. Кога Мбапе асистира, а Нејмар погодува, тоа е убавина за гледање, а се случи два пати во првиот дел.

Љубовната приказна на Чави со Барселона

Новиот тренер на каталонскиот гигант е дете на клубот. Во Барса помина повеќе од две децении и најубавите моменти од животот му се поврзани со блауграна.

Како изгледаше играта на Барселона со Меси, Чави и Иниеста

Едниот е во Париз, другиот во Катар, ама на пат за назад, а третиот во Јапонија. Тоа што го правеа заедно треба да се предава како посебен предмет. Само љубоморен фанатик по фудбал знаеше да каже дека нивното било досадно. Уметност број 1, која многу тешко се достигнува.

Во Аргентина за репрезентација повикан играч од Серија Ц кој го викаат нов Ди Марија

Пауло Дибала со два гола против Зенит стигна до 6 гола и 3 асистенции сезонава. Но тој не е единствен Аргентинец под договор со Јуве сезонава кој е повикан во репрезентацијата на „гаучосите“ за дуели од квалификациите за Светско првенство против Уругвај и Бразил.

Велемајсторскиот гол на Платини и протестот што му го поништија

Го видовте ли начинот на кој се радуваше Дибала за голот на мечот против Зенит во ЛШ? Се работи за гол број 105 во дресот на Бјанконерите со кој го мина Мишел Платини. Зошто легна на земја? За да прослави што успеал да ја мине француската легенда. Потегот му беше имитација.

Го чувал како мал, сега ќе му биде тренер во Барселона

Додека Ал Сад и Барселона ги решаваат и последните формалности за преминот на Чави на клупата на каталонскиот гигант, интересни моменти се случуваат и кај фудбалерите на овој тим.

Мистериозниот човек кој седеше до Торес во ложата на Енфилд Роуд

Шпанскиот напаѓач даваше голови и за Ливерпул и за Атлетико Мадрид, па беше да го гледа дуелот во Лига на шампиони на двете екипи за кои настапуваше. Ама Торес не е спорен, туку тој до него кој гледа фудбал целосно камуфлиран, мислиш отишол на Лужњики во Москва. Ќе ја открие ли Фернандо Торес мистеријата?

Жозе и против Бодо се вадеше на судиите и влезе во дуел со новинар

Само две недели откако го изедоа срамот на годината и загубија 6:1, фудбалерите на Рома и на Олимпико не успеаа да ги победат Норвежаните. 2:2 одиграа и тоа губеа два пати. Мурињо вели дека судијата треба да го објасни мечот, а не тој. Што е за право, гостите два пати играа со рака во шеснаесетник.

Најжалниот дрес од Јужен Судан

Кога фудбалот станува единствена причина за радост, среќа, претстава дека си жив, присутен, дека постоиш.

Или дајте му Златна топка на Левандовски или јас ќе му ја дадам мојата

Поранешниот легендарен шпански фудбалер, Луис Суарез со неверојатен фудбал ја заслужил Златната топка во 1960-та година пред иконата Ференц Пушкаш. Сега тој човек на стари години има порака до фудбалскиот свет.

Навивачите на Тотенхем царски го пречекаа Конте

Иако има долгогодишна пракса да не превзема нов тим на сред сезона, Антонио Конте не можеше да оддолее на богатата понуда на гигантот Тотенхем и прифати да ги води Спарси. Синоќа дебитираше на клупата со победа од 3-2, а пред мечот навивачите топло го пречекаа од трибините.

Левиот бек на Партизан го даде голот на кариерата, коментаторот зајде

За било кој играч ова е ќеифско голчиште, а не па за бекче кое обично има задача да држи игра странично и да нафрла. Слободан Урошевиќ од Партизан на гостувањето против Гент влезе во филмот на Луис Фиго.