Фудбал

Кристијано Роналдо со голема благодарност до навивачите на Ливерпул

Еден ден по загубата на новороденчето, Енфилд Роуд создаде уникатна сцена на дербито Ливерпул - Манчестер Јунајтед, за да му оддаде почит на Роналдо. Им возрати со објавување на видео од емотивниот момент во 7 минута, кое само во првите два часа имаше над 4 милиони лајкови.

Кога ќе ти ја сменат песната на пола

Некои навивачи имаат обичај пред противнички голман да ја изведе топката од свое поле, да му викнат едногласно нешто навредливо, а некои практикуваат така да им сметаат на изведувачите на корнери. За време на мечот Хал Сити - Кардиф Сити кој заврши 2-1, домашните навивачи на еден корнер викаат "you shit bastard ahhh" и примаат гол.

Акција со 16 пасови на сите 11 играчи на Интер по која Милан капитулираше во 3 минута

Лаутаро Мартинез го имаше најатрактивниот потег на миланското дерби кога ја заби дрско со волеј, ама на голот му претходеше јак тимски фудбал кој момците на Инѕаги го развија по само 3 минути игра.

Голот за победа на Хајдук и експлозија од радост на Пољуд во Сплит

Хајдук го победи Динамо Загреб 1-0, освои три бода и на пет кола пред крајот на хрватското првенство се врати во борбата за титулата. Сега по 31 одиграни натпреври, Динамо е прв со 66 поени, Осијек втор со 64 а Хајдук трет со 62. Повратникот во Сплит, Никола Калиниќ кој играше за неколку големи европски клубови меѓу кои и Милан и Рома, го реши дербито со прекрасен гол со лева.

Расположението пред викенд долг четири дена

Њукасл го победи Кристал Палас 1:0 во 33. коло од Премиер лигата и за прв пат после 2004-та се радува на шест домашни победи во низа. Долгиот празничен викенд ви го најавува Алан Сен Максимин.

Бензема утна два пенали, ама во еден момент се претвори во Зидан

Само прашање на денови е кога Реал Мадрид ќе ја официјализира новата 35-та титула во Ла Лига. Синоќа славеа над Осасуна на гости со 1:3, а стрелци на головите беа Алаба, Асенсио и Васкез. Никој нема да му замери на Карим за промашените пенали. Погледнете како им го организираше нападот за последниот гол.

Многу чуден гол од слободен удар во Куп на Русија

Најголемо изненадување во рускиот Куп направи нисколигашот Аланија Владикавказ откако го елиминираше големиот шампион Зенит по изведување на пенали. Аланија губеше 1-2 но постигна гол во последните секунди од мечот и тоа еврогол од слободен удар преку Николаи Ѓорѓобиани за нерешени 2-2 и пенали.

А се сеќавате ли на волејот на Нистелрој после плејстејшн акцијата на Реал?

Вакви голчишта тешко се забораваат, особено ако прашате навивач на Реал Мадрид. Не знаеш дали е подобра акцијата од која последните седум пасови се на прва или завршницата на Холанѓанецот. Падна пред точно 15 години на меч против Валенсија.

Избега од бомбите во Украина и стана МВП во дресот на Аталанта благодарение на Малиновски

Руслан Малиновски од Аталанта е еден од оние фудбалски ликови кои работат на помирување, но и спасување на луѓе од хоророт кој му се случува во татковината. Му подаде рака на талент од Шахтјор кој блесна за тимот од Бергамо.

Салах и двосмисленоста во изјавата

Може само да се замисли колку е силен Ливерпул кога меѓу првите петмина најдобри стрелци во лигата, тројца се нивни играчи (Салах 22, Жота 15, Мане 14) и меѓу првите тројца најдобри асистенти сите тројца се нивни (Салах 12 асистенции, Трент Александар-Арнолд 12, Ендрју Робертсон 10). Заслужено се први на табела во Премиер во моментов.

Со Ибра и индивидуалните тренинзи се посебни

„Јас решавам кога ќе сопрам, исто како што решавам дека ќе те удри жолтата топка“, напиша уникатниот Златан.

15 години од голот на Диего од паркинг

Можеби сте го подзаборавиле, бидејќи Бразилецот Диего од 2016-та не е дел од европскиот фудбал и е член на Фламенго, а многу добро го паметиме од Вердер, Јувентус, Волфсбург, Атлетико Мадрид. Бундеслигата денеска му одбележува јубилеј на овој дрзок лоб од 60 метри.

Како тоа два гола од корнер на еден натпревар?

Артим Шаќини цел живот ќе ни биде синоним за гол од корнер. Пољаците за жал имаат појак од нашиов. Се вика Камил Бетковски и успеа да даде два на мечот Спарта Катовице - Горник Волковице, конечни 6:0. Какво мајсториште.

Интер имаше специјален гостин на градското дерби

Иако живее во Бразил и веќе неколку години како е влезен во сомнително друштво со кое прави ѓурултии, Адриано синоќа скроз изненади и се појави на Меаца на полуфиналето меѓу Интер и Милан.

Јак волеј на Лаутаро Мартинез на дербито

Фудбалерите на Интер се првите финалисти во Купот на Италија откако со 3:0 го елиминираа Милан во реваншот. Аргентинецот Мартинез беше двоен стрелец, кој градскиот ривал го отвори по само 4 минути игра на спектакуларен начин.

Цел Енфилд Роуд аплаудираше во 7 минута за Кристијано Роналдо

Навивачите на Ливерпул изрежираа сцена за вечност и покажаа дека големото ривалство против Манчестер Јунајтед оди во втор план кога е во прашање човечки живот во таборот на противникот.

Фино што се извини, ама кај ти дојде навивачите да ги рогаш со топка?

Тејлор Гарднер од ВБА има само 20 години, а во сениорска конкуренција игра од лани. Ќе му треба изгледа уште време за да сфати дека Чемпионшип не е маалски собир со другарите.

Е да видиш на времето кога победник одлучувале со потфрлање паричка

На денешен ден во 1967-ма година се играл реваншот меѓу Лидс и Болоња во Куп на Саемски градови. Болоња го добила првиот меч 1-0, Лидс славел дома 1-0 а во продолженијата немало гол. И во тој период немало пенал серија туку се фрлало паричка „петка-глава“ па кој ќе добие тој оди понатаму. Англискиот тим имал среќа да пројде во финале.

Абрахам vs Лоботка во епизодата дојди земи ја ако можеш

Англичанецот висок 190, Лоботка 170, ама висината нека не ве лаже, битка е техниката, а Тами ја игра и го изработи фудбалерот на Наполи како нива во Говрлево.

Детето на бегалци преку цела Сахара, симбол на Билбао кој 6 години не пропуштил ниту еден меч во Ла Лига

Неверојатно достигнување на црномурниот Баскиец, идол на многу генерации во Билбао, дете на бегалци од граѓанска војна во Либерија кои преку цела Сахара стигнале до Мелиља.

Каква трка остај тоа, чекај полека да видам нешто

Словенецот Матеј Мохорич со природна и спонтана реакција го распали Твитер. Тој е велосипедист на Бахреин Викториус и за време на трката Париз - Рубаи каде го пројде финишот како петтопласиран, реши да подзаборави во еден момент на обврските во трката и да се концентрира на нешто поубаво.

Пет врвни потези за кои се зборуваше во Германија викендот

Триесеттото коло во германската Бундеслига донесе неколку маестрални потези. Борусија Дортмунд се врати на победнички патеки и со 6-1 го декласираше Волфсбург. Во топ5 голови на колото се најдоа Сердар, Баку, Ерлинг Халанд.

Како Анчелоти прима топка на 62 години

Севиља - Реал Мадрид, 29 минута, 2:0. На кралевите не им оди и во еден момент Карло ја нагазува топката ала Зидан.

И нему не му е јасно каков нереален еврогол даде

Ај сега заборавете на сите голчишта со волеј кои сте ги виделе викендов и обрнете внимание што чудо изведе Џек Колбак од Нотингем Форест на мечот против ВБА, кој го добија со 4:0. За лице се држеше од неверување.