Фудбал

Селфи на денот

Се качуваш во лифт и кога таму не комшиите со кои едвај правиш или не правиш здраво, туку пола тим на ПСЖ. Е како така? Е така, ќе ви покаже 17-годишната голферка Марта Силченко.

Јак графит за легендарната изјава на Пикси пред Светско

Драган Стојковиќ Пикси во два наврати вети дека ќе ја однесе Србија во Катар. Првиот пат доби хипотетичко прашање, бидејќи не ниту беше селектор, а од изјавата која ја даде вториот пат, во селото Банатски Брестовас му направија мурал на кој го има и Александар Митровиќ.

Во Бразил падна гол сличен на легендарниот на Роберто Карлос

Мечот меѓу бразилските третолигаши Виториа и Флореста кој заврши 0-1 за гостите, ќе се памети по невозможниот гол на Фабио Силва во 42’ минута. Фудбалерот на гостите распали во стилот на Роберто Карлос а топката фати едно ефе кое по многу потсеќа на голот на култниот лев бек на Реал Мадрид и Бразил.

15 години од најубавиот гол на Меси во кариерата

Некој би рекол како вчера да беше. Аргентинецот се изнадава стотици голови против стотици клубови и репрезентации. Просто не се знае кој од кој му е поубав погодок. Со право се смета за еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа игра. На 18 април 2007 на мечот Барселона - Хетафе направи нешто чудесно.

Подобро во аут да исфрлам отколку да му ја дадам на Хари

Покрај сите стопери на светов, Хари Мегваер е првотимец во Манчестер Јунајтед за кој платија грдни пари, па уште е и капитен. Погледнете колку верба во него има Давид Де Хеа.

Срам на колото, седум играчи му влегоа на голманот на Овиедо со ќотек

Дерби дуел е права ствар, ама има ли бре овде полиција? Спортинг Хихон на домашен терен загуби 0:1 од големиот ривал Реал Овиедо, а потоа поразените фудбалери демонстрираа на дело фрустрација и анти фер плеј. Пола тим му се сипа на голманот и тоа дрско со тепање.

Гужва во наполитанското катче на Марадона, се појави Мурињо

Гостувањето на Рома на стадионот Диего Марадона, португалскиот стратег го искористи да и оддаде почит на фудбалската легенда која има посебен статус во овој град.

Лукаку ја презема улогата на Вернер со промашувањата

Од најснажен и најефикасен шпиц на светот лани, до резерва со бледа минутажа во Челси сезонава. Во само неколку месеци Ромелу Лукаку драстично падна во форма така што нема шанса за прв тим со Тимо Вернер и Кај Хаверц. Тухел му даде шанса во полуфинале на ФА Купот со Кристал Палас (2:0 за Челси), ама Лукаку промаши непромашливо.

Има нешто чудно во голманската логика, Донарума е прав доказ

ПСЖ го совлада најлутиот ривал во француската Лига1 Олимпик Марсеј со 2-1 и речиси ја обезбеди титлата уште во април месец. Избегаа Парижаните на +15 бода во однос на главниот ривал кој е втор на табела. Победата ја донесоа Нејмар и Мбапе а најчуден момент на мечот имаше голманот Донарума кој се обиде да задржува време ама не знаеше како.

Нов циркус на Хари Мегваер

Стоперот на Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци е главна мета за зафрканција меѓу мајтапџиите на социјалните мрежи. Просто човекот не го оставија на мира, ама поради тоа што редовно им дава причини, изгледа како да му годи таа улога да биде комедијант на теренот.

Втор автогол на Зајков за неколку дена

Повремениот македонски репрезентативец Ѓоко Зајков постигна три гола на три меча но два во своја мрежа откако се врати во бугарскиот фудбал пред пар недели. Зајков е член на Славија Софија која во неделата изгуби 4-1 од Лудогорец кој на тој начин ја освои 11-та шампионска титула.

Аплаузи, овации и урамен дрес за Жути

По две децении ровање на светски и европски првенства, популарниот Филип Миркуловски кој срцето го остави за Македонија, вечерва ја бие последната репрезентативна битка во кариерата. Цела сала стана да му аплаудира. Благодариме мајсторе.

Првиот фудбалер на светот во ХХI век со 50 хет-трика во Топ5 лигите

Португалецот Кристијано Роналдо сам го реши Норвич и со хет трик му донесе злато вредни три бода на Манчестер Јунајтед (3:2) кој остана во трката за место кое води во Лига на шампиони.

Шах-мат од слободен удар

Во полуфиналето на шкотскиот Куп, Хартс со 2-1 го победи Хиберниан. И двата гола на победничкиот тим беа прекрасни евроголови. Прво Елис Симс а после и Стивен Кингсли по мајсторски одигран слободен удар.

И на голман може да не му е денот

Во првото коло од азиската Лига на шампиони малезискиот Џохор Дарул го разбива кинескиот Гвангжу Евергранде кој за некое чудо нема ама баш ниту еден странски фудбалер во составот а има и кинески тренер. После првиот дел Малезијците водат 3-0 а гостинскиот голман Липан Хе си даде и смешен автогол.

Гвардиола брутално искрен за себе и Биелса

Тренер со толкава слава и успеси кои повлекуваат силно его и суета е просто неверојатно да признае вакво нешто за себе и да ја истакне способноста на колега, во случајов Марсело Биелса.

Срна објави фотки од стадионот на украинскиот прволигаш ФК Десна

Спортскиот директор на Шахтјор Доњецк покажа во каква состојба е стадионот на ФК Десна од Черинхив кој има, односно имаше капацитет да собере 12.000 гледачи, а е изграден во 1936-та. Ова беше дом и на женската фудбалската репрезентација на Украина.

Битката за Скудето е жестока и неизвесна како никогаш, Милан е со најтежок распоред

Се сеќавате ли кога последен пат во финишот на сезоната во Италија во игра за титулата биле три-четири екипи?

12 годишен бегалец од Мариупол влезе од клупа и го реши мечот меѓу Шахтјор и Лехија

13 кратниот украински првак ја продолжува турнејата за мир во Украина, а на синоќешниот меч му даде шанса на дете кое доживеа момент кој цел живот ќе го памети.

Бензема му ја нацртал акцијата на Винисиус со која го елиминираа Челси

Ај што е подивен со голови и има импресивна бројка од 125 комада откако Роналдо си замина од Реал, туку и се враќа, брка, разигрува, асистира и им ги црта акциите. Хет-трик против ПСЖ, па хет-трик против Челси и на крај гол во продолженија на реваншот против европските прваци. Мали, слушај ваму сега како ќе ги елиминираме.

Двата проектили на Камп Ноу

Ајнтрахт Франкфурт и го нанесе првиот пораз на Барселона после извонредната серија од 15 меча и ја елиминираше од ЛЕ. Мечот заврши 2:3, а каталонците двата гола ги дадоа во судиското продолжение. Имаме две голчишта за издвојување, оние на Рафаел Сантос Боре и Серхио Бускетс.

Како во буквална смисла изгледа кога ќе кажат ја искина мрежата

Во првото коло од Купот на Аргентина, Расинг де Кордоба и Сан Лоренцо одиграа 1-1 па се прејде на пенали. Третолигашот Расинг победи во пенал-рулетот против познатиот прволигаш а најјак момент беше пеналот на Емануел Хименез кој буквално ја пробуши мрежата.

Португалско „и да изгубите нема да ве оставиме“

Бенфика го загуби првиот меч 1-3 од Ливерпул во 1/4 финале на Лига на шампиони па на реваншот отиде да се надигрува. Одиграа сјаен дуел кој заврши 3-3 а навивачите кои допатуваа до „Енфилд“ со песна ги поздравија милениците.

Се огласи Кореецот кој го избркаа од Перуџа затоа што ја исфрли Италија од Светско

И Јужна Кореја има свој Трајковски. Ѕвезди како Тоти, Виери, Дел Пјеро и компанија ги елиминираше на СП во нокаут фаза. Голема болка на Италијанците стара 20 години.