Манчестер е спремен да плати 10 милиони за да се отараси од Мегваер

Еден од најскапо платените фудбалери во историјата на фудбалот (80 милиони фунти за трансфер од Лестер во Ман. Јунајтед) а воедно и едно од најголемите промашувања, Хари Мегваер му нанесе многу штета на тимот со автоголови и нерезонски потези.

Навивачите одамна коментираат дека тој не заслужува да биде дел од одбраната на гигантот, а сезонава повеќе беше на клупата за резерви отколку во стартни единаесет.

Манчестер Јунајтед сега е спремен да му плати на стоперот 10 милиони фунти оддеднаш со цел да го раскинат договорот на штета на клубот од „Олд Трафорд“ и летово Мегваер да ги пакува куферите.

Нему му остануваат уште две години од договорот и има плата 190.000 фунти неделно, а скоро е теоретски невозможно дека некој друг клуб би му плаќал толкава плата.

Во 2019-та Мегваер дојде во Јунајтед од Лестер за астрономски 80 милиони фунти а сега неговата вредност е проценета на, и натаму огромни 30 милиони фунти.

Саботното финале против градскиот ривал Ман. Сити во ФА Купот ќе биде веројатно последно за 30-годишниот капитен на екипата кој скоро сигурно ќе почне од клупа за резерви.

Мегваер сезонава стартуваше само 16 од 61 меч во првиот тим. Тренерот Ерик тен Хаг им дава предност на Лисандро Мартинез, Рафаел Варан, Виктор Линделеф и Лук Шоу во централната одбрана.

1 јуни 2023 - 15:21