Фудбал

Франзуцинот кој направи топ репортажа со македонските навивачи, беше синоќа во Мадрид

Рено Марко по сè изгледа живее за фудбал и ептен го бива за пренесување навивачка атмосфера од лице мести. После Порто каде се измеша со нашите, енергијата на навивачите ни ја носи на тацна од Ванда Петрополитано. Одлично спакувано.

Крушка под крушка паѓа

На натпревар од MIC Купот, меѓународен младински турнир во Каталонија игра и тимот на Манчестер Јунајтед У-12. Во составот кај нив е и син му на Кристијано, Роналдо Јуниор кој постигна гол и повтори погодете чија прослава.

Најдобрите 15 гола во кариерата на легендарниот Тото Ди Натале

Антонио Тото Ди Натале беше права легенда на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти за Удинезе. Во црно-белиот дрес одигра 385 меча и постигна 191 гол. Бешеи репрезентативец на Италија со која стана вицешампион на Европско првенство 2012. Две сезони беше најдобар стрелец во Серија А и еднаш фудбалер на годината во 2010-та. Во моментов е тренер на третолигашот Карарезе.

Драмата пред головите на Атлетико и Сити во 96-та и 112-та минута

Судиското продолжение во Мадрид синоќа беше најнапнато и најдолго сезонава во ЛШ. Траеше 13 минути во кои видовме опасни стартови, турканици, тензија, картони, ама и две опасни шанси на двете страни.

Хаотично и во тунелот, Врсаљко плукаше по играчите на Сити, влета и полицијата

Напнатоста на реванш четвртфиналето меѓу Атлетико и Сити на кое се играше дополнителни 13 минути, продолжи и во тунелот, а најнервозен беше Хрватот Шиме Врсаљко кој прво ги гаѓаше гостите со нешто, а потоа и ги плукаше. Полицијата спречи посериозен инцидент.

Турканиците во 90 минута, Савиќ го зграпчи Грилиш за коса и му удри глава на Стерлинг

Фудбалерите на Атлетико и Сити на моменти „војуваа“ на Ванда Метрополитано, а напнатоста беше најголема во финишот. Фелипе по еден лизгачки старт, намерно го удри Фил Фоден за што доби втор жолт, а Савиќ им се намерачи на Грилиш и Стерлинг.

Рововска 113 минутна битка во Мадрид без голови, реми и на Енфлид ама со 6 погодоци

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа нерешено на реваншите против Бенфика и Атлетико Мадрид, резултати доволни за полуфинале во ЛШ. Двојките во топ 4 се Реал Мадрид - Манчестер Сити и Ливерпул - Виљареал.

Прва лекција за офсајд одржа чичо Емери

Поранешниот магионичар во Севиља со која освои 3 пехари во Лига Европа, едно време работеше во ПСЖ (титула во Лига 1, 4 Купа и 2 Супер Купа) а беше омаловажуван од страна на размазената англиска фудбалска публика додека го водеше Арсенал. Сега без милијарди на располагање, со ограничен буџет за трансфери и плати, прави чудо со симпатичниот Виљареал. Ги урна Јувентус и Баерн Минхен, а сега му се остри на Ливерпул.

Автогол на Зајков во Купот на Бугарија

По бегството од Украина, каде не успеа да дебитира за новиот клуб, Ѓоко Зајков се вдоми набрзина во Славија Софија. Стоперот на Македонија во петокот даде деби гол, а сега и автогол во првиот Куп натпревар против ЦСКА Софија која славеше со 2:0.

Тренер во Бразил и даде глава на судијката

Срамот на сезоната го изеде Рафаел Сориано, а ударот шармантната Марсиели Нето. Сориано е отпуштен од клубот и суспендиран во фудбалот на еден месец. Нека оди да се сокрие.

Големото лудо славје во соблекувалната на Виљареал

„Жолтата подморница“ е најголемото чудо сезонава во Лига на шампиони откако ги елиминираше Јувентус и Баерн Минхен во осминафинале и четвртфинале и наострен влегува во полуфинале каде најверојатно ривал ќе им биде Ливерпул. По големиот триумф над Баерн Минхен со вкупен резултат 1-2, фудбалерите во транс славеа пласман во полуфинале.

Бајката Виљареал и натаму трае - со осум деца од своја школа до полуфинале на Лига на шампиони

Во ера на шеици, нафтни магнати, милијарди евра за трансфери кои го обликуваат модерниот фудбал, островот наречен Виљареал се бори на најромантичен начин.

Куртоа vs Хаверц, 110-та минута

Актуелниот и 13 кратниот шампион на Европа приредија драма за сите пари, долга 120 минути. Кога кралевите имаа резултат за полуфинале, Тибо се коцкаше малку пред гол, тоест правеше шоу. Хаверц велат дека уште клиза на Бернабеу.

Вонсериската асистенција на Модриќ треба да се урами и стварно се урами

Реал Мадрид на Твитер ја има најфраерската фотографија на колото во ЛШ. Топката со очи, со надворешен фелш на хрватскиот маестро, ја ставија во рамка.

Феноменалната асистенција на Лука Модриќ

Со головите на Мејсон Маунт, Ридигер и Тимо Вернер Челси буквално го нокаутираше Реал Мадрид кој повеќе од 80 минути не можеше да стане од нокдаунот. И тогаш Анчелоти во игра го внесе младиот Бразилец Родриго. Кога сè изгледаше безнадежно за „кралевите“ Лука Модриќ извади една асистенција која уште долго време ќе се зборува.

Спектакл за паметење на Бернабеу, Реал оди понатаму, Виљареал го замрзна Баерн

Во натпревар каков што ретко се гледа, Челси до 75 минута водеше со неверојатни 0-3 и не само што ја надомести негативата од првиот меч туку и имаше резултат кој го водеше во полуфинале. Но Реал успеа преку Родриго и Бензема да ги постави конечните 2:3.

Колкави казни бара обвинителството за Јувентус, Наполи и нивните раководства?

11 италијански екипи и вкупно 61 раководно лице се обвинети за административни прекршоци поврзани со трансфери. Најголем дел од обвинетите, вкупно 11 се од Јувентус.

Ма им ја сечам контрата, ми е гајле што сум тренер

Се игра 89-та минута, а резултатот е 1:1, па не е на одмет да се направи жртва со црвен картон. Бод, бод, кој ти го дава?

Луд гол, уште полуда прослава

Од Фоџа, се селиме кај третолигашот Бари на Св.Никола, стадионот на кој Панчев и Најдоски станаа европски прваци. Добра забава паднало.

Генгамп даде еден од тие голови какви што нема ни на Плејстејшн

Тулуз игра врвна сезона во француската Лига 2 и како лидер наскоро би требал после 2 години да се врати во Лига 1 и да игра со ПСЖ, Марсеј и оснататите елитни клубови каде припаѓа. Минатиот викенд со 2:4 го победија Генгам но мечот се зборува најмногу и поради голот кој го даде домашниот фудбалер Мехди Мергем.

Од каде во Шпанија има толку многу клубови со префикс Реал а по што се разликува Виљареал?

Верувале или не, 23 клуба кои во името имаат Реал играат во првите пет дивизии во шпанскиот фудбал и тоа без да се сметаат тука нивните резервни тимови.

Лоб на вечерта, фантастичен гол во Чемпионшип

Хадерсфилд е сериозно намерачен да го стигне Борнмут на второ место во англиски Чемпионшип и да обезбеди директен пласман во елитната Премиер лига. Синоќа со 2-0 го победија Лутон. Првиот гол на мечот и тоа каков гол, го даде Џон Расел. Многу фудбалски. Хадерсфилд е трет со 69 бода но и 2 меча повеќе од Борнмут кој има 73 бода.

Вељко од Малме ќе ви покаже како се игра на прва

Вељко Бирманчевиќ е дете на Партизан кој лани направи трансфер од Чукарички во Малме. 100% го има видено легендарниот гол на Ѕола, барем на Јутјуб. Навивачите бакљи почнаа да палат после мајсторијава.

Италијанска третолигашка лакрдија

Фоџа - Катанзаро (2:6), Серија Ц. Ни ред, ни поредок. Во Англија нека одат овие вака ноншанлантно да влетуваат и да излегуваат од терен. Нема да ја помирисаат друг пат тревата. За што ли зема плата обезбедувањето?