Делиите ја распалија „Маракана“ на прослава на шампионски пехар

Фудбалерите на Црвена звезда ја освоија 34. титула во својата клупска историја, шеста по ред, овојпат на убедлив начин без ниту еден пораз, а притоа стигнаа и до пехарот во Купот на Србија за трета двојна круна по ред. Навивачите направија спектакл.

По крајот на првенството во Србија, Црвена звезда ќе игра директно во групна фаза од Лига на шампиони а квалификации за елитата ќе игра и неочекувано второпласираниот ТСЦ од Бачка Топола. Чукарички, Партизан и Војводина ќе играат квалификации за Лига Европа и Лига Конференции.

29 мај 2023 - 14:39