Во Серија А за првпат би можело да има бараж меѓу прволигашки екипи

Ништо чудно на Апенинскиот полустров за првпат да се игра дуел кој би значел опстанок во најдобро друштво.

Полека се спушта завеса во најдобрите Топ5 европски лиги. Горе-долу е јасно кој е шампион, кој оди во еврокупови а кој се (из)бори за опстанок. Во Франција очекувано шампион ПСЖ, во Шпанија одамна Барселона, во Италија одамна Наполи, во Германија имаше драма во последното коло до последна секунда и Баерн прослави титула, а во Англија Манчестер Сити.

Во моментов останува отворено прашањето на опстанок во најдобрите друштва. Во Италија до последен здив за тоа ќе се борат Специја и Верона кои имаат ист број бодови, а со оглед на новото правило во Серија А, доколку остане така и после последното коло, нема да решаваат ниту меѓусебни дуели сезонава ниту гол разлика, туку ќе се игра бараж за опстанок што би било многу интригантно.

Во последно коло Специја гостува кај Рома која неделава игра финале на Лига Европа со Севиља, а Верона ќе гостува кај Милан кој обезбеди пласман во Лига на шампиони со триумфот над Јувентус 0:1.

Правилото гласи дека би се играл бараж на неутрален терен и дека по евентуален нерешен резултат би се пристапило кон пенали без продолженија. На овој начин Специја би била помалку оштетена затоа што сезонава еднаш ја победи Верона со 2:1 а еднаш одиграа нерешено 0:0.

29 мај 2023 - 13:41