Јунак на финалето: Немања Гудељ два дена по трагична вест, се избори за пехарот

Севиља е кралица на Лига Европа. Овој клуб по седми пат го освои пехарот во ова супер натпреварување и стана апсолутен владетел кој скоро тешко некој да го стигне. Еден од најзаслужните за пехарот е српскиот репрезентативец Немања Гудељ кој собрал сили да игра после трагичната вест која што ја дознал неколку дена пред финалето.

За пар денови до решавачкиот меч за пехарот во Будимпешта, Немања Гудељ на својот Инстаграм профил објави тажна вест, дека неговата бремена сопруга Анастасија го загубила бебето во петтиот месец од бременоста, а со познатата пејачка очекувале ќерка.

Неговата сопруга Анастасија, инаку ќерка на српската фолк пејачка Цеца, неодамна наполнила 25 години. Таа се вратила од Шпанија во Белград за да биде со најблиското семејство по трагедијата.

Прв информацијата ја потврдил братот на Немања, Драгиша Гудељ кој исто така е фудбалер, настапува за шпанска Кордоба.

Во пресрет на големото финале на Лига Европа во кое српскиот репрезентативец кој речиси цела кариера играше во среден ред а во последните пар сезони одлично се снаоѓа како стопер во одбраната, им се обратил на навивачите на Севиља:

„Ова се тешки моменти, но морам да останам силен. Поради детето, поради жената. Верувам дека нашето семејство може да го преживее ова. Ви благодарам за поддршката и не грижете се за мене“.

Немања во меѓувреме го убедил тренерот Мендилибар дека психолошки е спремен да игра. Тренерот на Севиља го стави од старт Гудељ кој играше неверојатни 128 минути на највисоко ниво а во тој момент мораше да излезе од игра поради ситна повреда.

Статистички беше меѓу најдобрите на теренот и најзаслужен што Севиља ги одби сите напади на Римјаните. Посветен во одбраната, сконцентриран и јак во секој дуел со противничката навала, Гудељ често ја изнесуваше и топката како последен играч за врска дури до последната третина пред противничкиот гол.

По 149 минути фудбал Севиља беше подобра и на пенали славеше 4-1 за рекорден 7-ми трофеј од Лига Европа. Апсолутен владетел.

После мечот за кој неофицијално се зборува дека е еден до најдолгите во историјата со активна игра, со медал на вратот Гудељ изјавил:

„Најдолг натпревар и еден од најтешките кои сум ги одиграл, поради тоа прославата беше посебна, а посебно за мене. Имав тешки неколку денови со семејството. Цела година се случуваат некои тешки работи. Прво со брат ми Драгиша, сега со малото бебе. После натпреварот солзите сами тргнаа, не можев да ги сопрам“.

ГУДЕЉ НЕОДАМНА ЌЕ ГО ИЗГУБЕЛ БРАТОТ

Во март месец годинава во шпанската трета дивизија се случил страшен настан: фудбалерот Драгиша Гудељ изгубил свест и паднал на теренот. Подоцна лекарите утврдиле дека срцето во еден момент му престанало со работа. Лекарите итно влегле на терено но првиот удар со дефибрилатор не помогнал.

Следувале неколку неизвесни минути, докторите на Кордоба не се предавале, доктор Сегура и неговиот син Бретонес продолжиле со масажа на срцето и лесна реанимација на Драгиша кој набрзо се вратил при свест.

„Срцето на брат ми чука најмногу благодарение на брзата реакција на медицинските служби на Кордоба и лично доктор Сегура. Вечно сум му благодарен за тоа. Правиот воин веќе стои на нозе зошто никогаш не се предава“, трогателно напишал Немања тогаш за брат му.

*************************************************************************

Севиља е владетел во Лига Европа, Мурињо и Рома на колена

Немања Матиќ го тешеше насолзениот Дибала

Дибала не можеше да се соземе

Трето полувреме со Жозе

Судениот пеналџија на Аргентина и Севиља

1 јуни 2023 - 09:47