Како Мурињо ја утнал со пеналите

Португалецот пред синоќешното финале против Севиља имаше дури 5 победи во 5 финални натпревари од еврокуповите. Не знаеше за пораз. Но синоќа во Будимпешта по 1-1 во регуларниот дел неговата Рома изгуби убедливо на пенали - 4:1.

Лукав каков што отсекогаш бил, Жозе се обидел и синоќа да направи потег кој само нему може да му истекне.

Пред серијата пенали која го реши победникот, Мурињо решил на списокот пеналџии да стави играчи со најмало искуство изведување удари од белата точка, односно фудбалери за кои стручниот штаб на Севиља ниту претпоставил дека може да се најдат меѓу првите шутери.

Херој на пенал серијата стана мароканскиот голман Јасин Буну кој одбрани два од три удари. Во еден момент судијата Ентони Тејлор по прегледување ВАР реши да го повтори пеналот на Аргентинецот Гонзало Монтиел на кого Руи Патрисио прво му одбрани па после од вториот обид го постигна победничкиот гол.

Има и еден момент на кој треба да се обрне внимание.

На теренот кога се доставувал списокот, Жозе можел да смета на играчи кои се поофанзивни и имаат подобар шут како Вајналдум, Белоти, Ел Шарави и Залевски. Но Мурињо решил на списокот изведувачи да стави тројца тотално неискусни шутери:

Брајан Кристанте во кариерата извел 3 пенали од кои 2 промашил, а сезонава постигнал само еден. Стоперите Џанлука Манчини и Роџер Ибањез, ниту по конституција ниту по што било друго не се добри шутери и во кариера не извеле ниту еден пенал во тек на меч.

Промашија и двајцата, односно голманот Јасин Буну ги прочита многу лесно и е најзаслужен што Севиља стигна до рекордна 7-ма шампионска титула во Лига Европа.

Намерата на Жозе била да ги збуни Севиљците, но на крајот не му успеал рецептот и тој сноси голема вина за поразот на пенали.

Старо непишано фудбалско правило е дека стоперите најчесто не треба да припаруваат до топката при пенал рулетот, додека не дојде редот на нив.

Севиља е владетел во Лига Европа, Мурињо и Рома на колена

Немања Матиќ го тешеше насолзениот Дибала

Јунак на финалето: Немања Гудељ два дена по трагична вест, се избори за пехарот

Трето полувреме со Жозе

1 јуни 2023 - 11:41