Пеп Гвардиола кој ја освои петтата титула во Премиер лига во шест сезони, во 5 минутно интервју за Арена Спорт одговара на повеќе прашања.
Го испофали својот поранешен асистент Артера кој сезонава му беше главен конкурент за титулата и истакна дека по многу нешта е единствен.
За Халанд рече дека има проблем, бидејќи сега од него ќе очекуваат секоја година да дава повеќе од 50 гола.
Доби прашање и за противникот во финалето на ЛШ за кого рече дека се борбен тим во кој Конте претходно створил менталитет со врвни играчи и убав стил.
На прашањето колку е променета филозофијата во фудбалот низ годините, Гвардиола одговори јасно, гласно и многу доблесно кажа како стигнал до успесите како тренер.
„Ако имате добри играчи можете да се прилагодите на сè, во спротивно тренерот не може ништо да прилагоди. Дајте ми добри играчи и ќе ви дадам добар тим. Обично кога сте на врвот, тоа е благодарение на добриот клуб.
Ја знаете ли тајната на мојот успех како тренер? Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити. Тоа е успехот на Пеп. Меси, Левандовски, Халанд, Агуеро. Јас ги сакам мајка ми и дедо ми, ама со нив никогаш не можам да освојам ЛШ“.