Ривалството во фудбалот понекогаш знае да донесе чудни и непишани правила кои мора да се почитуваат. Во непријатна ситуација се нашле градежниците кои го градат новиот тренинг центар на Манчестер Сити, затоа што наместо сини, тие носеле дресови на „Црвените Ѓаволи".
Често пати гледаме како тренерите добиваат црвени картони и потоа натпреварите ги гледаат од трибините, но тоа се случува кога ќе претераат со приговор. Роландо Чилаверт од Перу се вмеша онаку каде што не му е местото, на теренот.
НБА ѕвездата на Далас Маверикс и голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер организаираа хуманитарен натпревар. Дирк Новицки јасно е дека не знае да одглуми пенал во фудбал, па судијата најверојатно му го подари чисто поради забава.
Актуелниот македонски шампион по денешната ждрепка во Нион ќе треба да се соочи со можеби најтешкиот противник во второто коло од квалификациите во најсилното клупско европско натпреварување.
Примија 24 гола на три меча. Нивните противници рушеа рекорди против нив. Се радуваа на единствениот погодок против Нигерија како да обезбедија финале, но и покрај се си заминуваат задоволни затоа што нивната победа е освојувањето на срцата на сите љубители на фудбалот.
Репрезентативката на Норвешка, Елиза Торнес се истакна на Твитер како никој до сега. Повредата во долниот предел од стомакот си ја излечи со мраз, а интимниот чин без срам и перде си го сподели со фановите.
По шест примени гола од Нигерија и десет од Шпанија јасно беше дека аматерите од Тахити многу пати ќе ја вадат топката од својот гол и на третиот натпревар. Рутиниран триумф забележа и светскиот и европски шампион Шпанија со 3:0 над селекцијата на Нигерија.
Протестите во Бразил не престануваат веќе две недели, а анкетите покажуваат дека дури три четвртини од населението ги поддржуваат. Откако легендарниот Пеле порача да се заборават и да се мисли повеќе на фудбалот, му се нафрлија по социјалните мрежи.
Еден од најдобрите италијански напаѓачи на сите времиња, Роберто Баџо беше клучната фигура на „Аѕурите“ кои стигнаа до финалето на Мундијалот во САД 1994. Но Бразилците засекогаш ќе му бидат благодарни за промашениот пенал по кој „Кариоките“ се радуваа на пехарот.
Во доста ефикасен и возбудлив натпревар на големите фудбалски сили Бразил со фантастични 4:2 славеше против Италија. Второто полувреме беше празник за очи во кое паднаа 5 погодоци, а ремек дело ни приреди Нејмар со извонреден гол од слободен удар.
Корупциски скандал "го здрма" Камерун откако долгогодишниот прв човек на Фудбалската федерација, Мохамед Ија четвртата победа на изборите не успеа да ја круниса со фотеља. И покрај убедливиот триумф над другите кандидати тој ќе оди зад решетки.
Црвената фурија сосема очекувано стигна до висока победа од 10:0 против селекцијата на Тахити која има само еден професионален фудбалер. Најпрецизни беа Торес со 4 и Виља со хет трик, а светскиот шампион стигна до рекордно највисока победа во историјата на овој турнир.
Кој дрес ќе го носи наредната сезона Кавани е топ тема во медиумите, а откако самиот фудбалер изјави дека сонува да заигра за Реал Мадрид, навивачите на Наполи се налутија и му порачаа да си замине.
Кариерата им трае околу 15 до 20 години, парите кои ги заработуваат за тоа време се енормно големи, па без проблем си дозволуваат разни луксузи и авантури. Но тука не завршува приказната за фудбалските ѕвезди кои имаат милиони. Некои од нив знаат многу добро како да помогнат.
Пуштете ги звучниците погласно и слушајте како 60.000 Бразилци “грмат“ во еден глас со стиховите на химната на својата земја. Кај нас многу често на фудбалски натпревари атмосферата знае да биде како во театар на монолог, па еве дека биде ова една лекција за нас.
Ѕвездата на Италија од Мундијалот во 1990 година на кој тие беа домаќини, беше еден од првите познати имиња од чизмата кои ја испробаа јапонската авантура. Од тогаш во Серија А следуваше инвазија на јапонски фудбалери, а некои од нив станаа ѕвезди на чизмата.
Во Интер мина скромно и брзо си замина, навивачите на Челси постојано преку транспаренти му порачуваа да си оди, а на кам бекот во Италија најмногу му се радува претседателот на Наполи.
Селекциите на Италија и Јапонија во рамките од второто коло од Купот на Конфедерации го одиграа највозбудливиот натпревар до сега со дури 7 погодоци. Јапонците имаа предност од 0:2, но упорните Италијанци стигнаа до полуфиналето со пресврт од 4:3 во вториот дел.
Домаќините на Купот на Конфедерации славеа во второто коло од А групата против Мексико и со тоа си го обезбедија пласманот во полуфиналето. Човек на одлука беше младата бразилска ѕвезда, Нејмар со одличен волеј удар во 9 минута и асистенција.
Според „coachworldranking.com", сега веќе пензионираниот германски стратег кој стигна до тројната круна со Баерн Минхен е се уште најдобриот тренер во светот.
Богатиот француски клуб кој на голема врата најавува кам бек во првата француска лига нема предупредување од страна на УЕФА за евентуално прекршување на финансискиот фер плеј.