Фудбал

Рели трките не се за слаби стомаци

А за слаби стомаци не е ниту ова видео. Совозачот истури црева, а за малку тоа ќе го направеше и возачот. На крај сепак добро си се изнасмеаа.

Хамбургер во замена за дресот на Бејл

Сопствениците на ресторан во Лондон најдоа начин како да ги утешат разочараните навивачите на Тотехнем. Тие ќе даваат бесплатни хамбургери за сите оние кои ќе им ги донесат дресовите на Герет Бејл.

Мурињо потпиша за Фулам

Жозе Мурињо потпиша договор со траење од една година за Фулам. Синот на тренерот на Челси чие цело име е Жозе Марио Мурињо Џуниор ќе го брани голот на екипата на Фулам до 14 години.

Финансискиот фер плеј демонстрира одлични резултати

Европската куќа на фудбалот може да се пофали со доста солидни бројки откако го воведе новото правило за штедење на клубовите. Загубите на европските екипи по воведувањето на фер плејот за трошење пари се намалиле за дури 600 милиони евра.

Педро во стилот на Блажевски

Атрактивниот гол со ножички на Дејан Блажевски од Турново веднаш се најде на порталите каде можеме да ги видиме најубавите голови од сите лиги во светот. Воодушевен од оваа мајсторија против Еуромилк, Педро од Барселона почна истото да го вежба на тренинг.

Селаните од Ајндховен прославија 100 години

Еден од најпознатите фудбалски колективи од Холандија и клубот кој беше скалило во кариерите на Руд Гулит, Ромарио, Роналдо и Руд ван Нистелрој, Спортскиот клуб Филипс или познат како ПСВ Ајндховен прослави 100 години од постоењето.

Петицата на талентот на Ајакс

Фудбалскиот клуб Ајакс е познат „расадник" на таленти, а еден од нив е и Србинот Дејан Мелег кој на натпреварот за младинскиот тим против врсниците од ПСВ постигна по неговата лудорија со петица.

Нијанг нема да игра во ЛШ по грешка на Милан

Немаше воопшто да се зачудиме ако ова се случеше во некој македонски клуб, но ете, грешат и големите. Мбаје Нијанг нема да игра во Лигата на шампиони заради грешка на администрацијата на Милан.

Офсајд лик на месецот: Хуан Флорес

Мислите дека имате лош ден или лоша недела на работа? А што да каже Хуан Флорес за кого на сајтов пишуваме почесто од Величе Шумуликоски? Перуанскиот голман е навистина за жалење.

Еволуцијата на трансферите

Во 1905 година најскапиот фудбалер бил Алф Комон кој направил трансфер од 1000 фунти, по дури 70 години Јохан Кројф прави трансфер за неполни 1 милион фунти, а овие денови вистински хит е рекордот на Герет Бејл кој се продаде за 86 пати повеќе од холандската легенда.

“Бомба“ од Иран

Акбар Садеги од иранскиот клуб Саба е махерот на овој проектил кој го испрати од околу 40 метри.

Забрането вршење нужда за време на натпревар

Челниците на фудбалската лига на Ирска им се заканија на фудбалерите, резервите и тренерите дека ќе заработат исклучување ако бидат фатени дека уринираат на терен.

Најинтересните факти за дебитантите во Премиер лигата

За трансферите на Фелаини во Манчестер Јунајтед и Озил во Арсенал кои во 5 до 12 го засилија средниот ред на Олд Трафорд и Емирати веќе знаете. Но пазете сега што се крие зад овие нови имиња кои ќе бидат дел од најелитната англиска лига во новата сезона.

Не можете да ги замолчите навивачите

По навивачите на Легија и ултрасите кои го поддржуваат Зенит испратија јасна порака дека не можете да ги сопрете, ниту замолчите навивачите.

Идеалниот тим од трансфер периодот

Во летниот дел од трансфер пазарот се направија голем број на зделки и се срушија многу рекорди, а од имињата кои го одбележаа овој период може да се состави и идеален тим за кој бо сонувал секој тренер.

Дресот на Озил во Арсенал

Навивач на Арсенал нашол начин како да заштеди пари адаптирајќи го стартиот дрес наместо да купува нов со името на Озил.

Никој не може со „Кралевите“ на трансфер пазарот

Од година во година издвојувајќи астрономски суми за засилувања, Реал Мадрид кој не знае што е тоа финансиска криза, со потпишувањето на Герет Бејл стигна и до „стотката" која ја потроши само за еден играч. На листата на најскапи трансфери тие остварија пет од најскапите седум во историјата.

Ирачкиот Бејл

Левокрилниот ирачки дефанзивец од турската екипа Ризеспор, 19-годишниот Али Аднан постигна прекрасен гол на натпреварот против Кајзери Ерчијеспор. Не за џабе турските медиуми му го дадоа прекарот „Азискиот Герет Бејл".

„Златната топка“ кој ја грееше “кралската“ клупа се врати дома

Бразилскиот ас Кака нема да остане запаметен на Сантијаго Бернабе по неговите настапи, туку како неуспешен дел од скапиот шопинг на Флорентино Перез кој во својот втор мандат во летото 2009 потроши 250 милиони евра за засилувања.

Џон Ленон и Мајкл Џексон за 4:0

Не е шега, навистина постојат овие двајца фудбалери кои летово потпишаа за бразилскиот второлигаш Атлетико. Стрелецот на голот Џон Ленон Силва Сантос го добил името по желба на родителите кои биле големи фанови на Битлси, а асистентот Карлос Адријано де Соуза Круз е познат по својот прекар Мајкл Џексон. Ако не ни верувате слушнете ги коментаторите.

Болниците од Мадрид во војна за Бејл

Герет Бејл уште пред да го стави потписот на договорот со Реал Мадрид си заработи 10 милиони фунти и тоа од болница само за да го направи медицинскиот преглед во нивните простории.

Судиски „грабеж“

Уште еден судија на кого ќе му дадеме упат за на очно за да си го провери видот. Судијата на натпреварот од втората белгиска лига помеѓу Ројал Антверп и Гел, им подари пенал на гостинските фудбалери во последните моменти од продолжението. Бонус - голчиштето на домаќините.

Со “паркиран автобус“ пред гол до најмногу успеси

Оваа дефанзивна тактика од едно македонско село која на сличен начин ја применува и Жозе Мурињо не изгледа убаво за око, а најмногу ја мразат навивачите кои сакаат да гледаат отворен фудбал со многу голови. Но „специјалниот" со неа стана најдобар стратег на „Стенфорд Бриџ".

Блатер се исплаши од кратење на плата

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер ги критикуваше плановите за лимитирање на платите во Швајцарија, закон кој директно ќе влијае и на неговата плата.