
Реал Мадрид долго време се мачеше за да дојде до потписот на Герет Бејл, но тие не беа единствени кои се бореа за него.
Во војна за Бејл беа и болниците од Мадрид. Медицинскиот преглед на Бејл пред потписот на Реал Мадрид бил далеку од чиста формалност. Клиниките се наддавале за Велшанецот да ги направи медицинските прегледи кај нив, а победила клиниката Санитас.
Герет Бејл кој се шпекулира дека од Реал Мадрид ќе заработува 300.000 фунти неделно, од клиниката Санитас добил 10 милиони фунти за да се фотографира како го прави медицинскиот преглед во нивните простории.
Неколку часа подоцна Бејл ја имаше и официјалната презентација пред 25.000 навивачи на Сантјаго Бернабеу.