Директорот на Милан, Умберто Гандини ја презеде целата одговорност за грешката по која Мбаје Нијан беше изоставен од списокот на играчи кои ќе играат во групната фаза од Лигата на шампиони.
Административците на Милан во „А" листата составена од 25 фудбалери го ставиле и името на Стефан Ел Шарави, заради што морале да го изостават Нијанг. Проблемот е што Ел Шарави можел да се најде и на „Б" листата која е составена од фудбалери родени по 1 јануари 1992 и кои се во клубот барем две сезони.
„Умберто Гандини ја презема целата одговорност за грешката при составување на листата за Лигата на шампиони. Гандини жали за грешката и им се извини да сите вмешани страни и на навивачите на Милан", стои во соопштението на Милан.
Екипата на Милан е во групата Х и Нијанг ќе ги пропушти натпреварите против Барселона, Ајакс и Селтик.