
Изминатиов период беше еден од најлошите за навивачите на Тотенхем. На првиот ден од септември нивниот тим загуби од најголемиот ривал, Арсенал, а веќе следниот ден нивниот најдобар фудбалер, Герет Бејл и официјално го стави потписот на договорот со Реал Мадрид.
Еден ресторан во Лондон смисли начин како барем малку да ги утеши навивачите на овој клуб. Секој навивач на Тотенхем кој сака да се ослободи од својот дрес со името на Герет Бејл, за возврат ќе добие хамбургер.
Понудата важи до сабота, што значи дека навивачите на Тотенхем на време ќе можат да се ослободат од непотребните дресови на Бејл пред дуелот со Норич по завршувањето на паузата заради интернационалните натпревари.