Фудбал

Како да шутираш во стилот на Бејл

Најскапиот фудбалер на светот ги откри тајните за неговата специјалност - шутирањето на слободните удари.

Офсајд судии на годината

Делителите на правдата во последниве 12 месеци беа мета на камерите во разни бизарни ситуации. Јадеа ќотек, клоцаа фудбалери, бркаа маскоти, судеа пијани. Се потрудивме да ги собереме на едно место најинтересните кои заслужуваат да влезат во нашата посебна рубрика на офсајд ликови.

Навивачката божиќна традиција руши рекорди

Необичната традиција на навивачите на Унион Берлин продолжи и оваа година, но овој пат на стадионот кој сами го градеа за клубот кој го спасија со својата крв, дојдоа рекорден број на луѓе само за да пеат божиќни песни.

Баба хулиган

Група на навивачи на португалскиот тим Брага се обидоа да влезат на теренот за да прослават откако нивниот тим успеа да ја анулира предноста од два гола на Маритимо, а помеѓу нив беше и една интересна ултрас бабичка.

Меси е пред Роналдо

На само неколку дена до крајот на годината, веќе на големо се сумираат впечатоците и се прават разни листи на сè што вреди да се издвои. Ова се најдобрите 100 фудбалери за 2013 според оценувачите меѓу кои најзвучно е името на Алесандро Неста.

Компани и десетмината комедијанти

Стоперот на Манчестер Сити викендов си постигна автогол кој сигурно и да се обидува уште 1000 пати, нема да успее да го повтори. Ќе ве потсетиме на неговиот потег, но и на неговите најјаки претходници.

Претседателот на Ривер Плејт бил тапкарош

Поранешниот капитен на Аргентина, Даниел Пасарела кој од пред само една недела не седи повеќе на претседателската фотеља на аргентинскиот клуб, се соочува со скандалозни обвинувања за влезници кои ги препродавал со помош на навивачите.

Бизарниот спорт во 2013

Веќе кога не не бива за фудбал, кошарка, одбојка, скијање, атлетика... би можеле да се пробаме и во некој поинаков спорт како на пример копање јаглен, носење жени на грб, тркалање по кашкавал и скокање бомба во базен. Ова се најлудите спортски настани во 2013-та година.

18-годишен ултрас ја сопре Борусија Дортмунд

Младиот навивач кој не пропушта ниту еден натпревар и ја бодри Херта од Берлин заедно со ултрасите, доби шанса да го брани голот на својот омилен тим и направи сензација на гостувањето кај Борусија Дортмунд.

Само да не е како Панчев

Интер внимателно следи млад и талентиран Црногорец по име Дарко, а италијанските медиуми се уште не можат да го преболат Панчев.

Ги прати по бурек и цигари

Тоа што Флориан Товен од Марсеј им го направи на двајцата дефанзивци на Бордо, во наше маало би го искоментирале како „едниот го прати по бурек, а другиот по цигари".

Истокот стана сон за македонските фудбалери

До пред некоја година се гордеевеме со репрезентацијата во која имавме фудбалери од Бундеслигата, Серија А и силни екипи од Русија, Австрија и Кипар, а сега тие се крстат во трансфер во Азербејџан и Тајланд.

Коларов повторно го уби празничното расположение

Минатата година Србинот Александар Коларов од Манчестер Сити ни го уништи празничното расположение, а оваа година не само што не откажа од славење, туку и не исплаши за веќе да не ни помислиме на Дедо Мраз, Божиќ и Нова Година.

Фудбалот во 2013

Фудбалскиот "Цајтгајст" ќе не потсети на сите прекрасни моменти од најважната споредна работа на планетата кои ја одбележаа годината што изминува.

Баерн Минхен на врвот на светот

Актуелниот европски шампион, екипата на Баерн Минхен го совладаа домаќинот на завршниот турнир во Мароко и ја освоија титулата од Светското клупско првенство.

Голови на неделата

Најдобрите десет голчишта од изминатите седум денови помеѓу кои се мајсториите на Адебајор, Коларов, Геце и Гуркуф.

Еве ти 16 милиони и не мора да ни бидеш тренер

Не е ова некоја измисленa бајка, туку тазе случај од тренерскиот занает во Премиер лигата кој сигурно дека секој посакува да го искуси, барем еднаш.

Квалификациски меч за Светското бил мета на терористи

Бомбата која била испланирана да се искористи на стадион пред околу два месеци, експлодира ненадејно на погрешно место.

Македонија во петтиот шешир за ЕУРО 2016

Македонската фудбалска репрезентација предводена од новиот селектор Бошко Ѓуровски ќе биде извлечена од претпоследниот шешир за квалификацискиот циклус на следното европско.

Тајните на Кристијано Роналдо

Кариерата на Кристијано Роналдо од сезона во сезона оди го нагорна линија и оваа година тој е најблиску до Златната топка, а напредокот се должи на неговата професионалност.

Офсајд правилото за жени

Мажите повеќе нема да имаат проблем да им го објаснат офсајд правилото на своите понежни половини. Го имаме перфектното објаснување.

Најдобрите дриблинзи во 2013

Се ближи крајот на годината и следува период за сумирање на впечатоците и избирање на моментите кои ја одбележаа 2013-та. Ова се најдобрите дриблинзи.

Најуспешните млади тренерски имиња

За стручњаците обично велиме дека треба да имаат искуство за да го работат фудбалскиот занает. Но во последните години ова непишано правило се помалку важи. Toa го докажа Гвардиола кој се радуваше на 14 трофеи со Барселона и Вилаш Боаш кој со Порто ја освои Лигата на Европа на само 33 години.

Како Роналдињо си поигруваше со Мароканците

Екипата на Раја Казабланка од Мароко која е домаќин на Светското клупско првенство направи сензација со триумфот во полуфиналниот дуел против Атлетико Минеиро од 3:1, но и покрај тоа ѕвезда на вечерта беше Бразилскиот напаѓач кој им кршеше кичми.