Изборот на најдобрата стотка во светот за 2013 година го направи еминентниот Гардијан, а можност за гласање имаа 12 нивни соработници од цел свет, меѓу кои новинари, уредници, колумнисти и дописници кои пишуваат за фудбал.
Како судии покрај Неста биле избрани и селекторот на женската фудбалска репрезентација на Англија, како и поранешниот американски голман, Кејси Келер кој има настапувано во МЛС, Премиер лигата, Бундес лигата и Примера и кој со својата земја учествувал на четири Мундијали.
И покрај тоа што Кристијано Роналдо е апсолутен фаворит според кладилниците за освојување на Златната топка за изминатата година, според резултатите на оваа листа број еден е Лионел Меси кој добил најмногу гласови.
На второто место е Роналдо, на третата и четвртата позиција се Чави и Иниеста, петти е Ибрахимовиќ, а листата со првите 10 имиња ја дополнуваат Фалкао, Ван Перси, Пирло, Јаја Туре и Кавани.
Најмногу фудбалери има од Шпанија, вкупно 16, потоа од Бразил (12), Германија (10), Аргентина (8), а од Италија и Франција има по седум играчи. Гледано по клубови најмногу играчи се од Барселона (12), потоа од Баерн Минхен и Реал Мадрид со по 10, па Челси и Манчестер Сити кои имаат по осум фудбалери.
Гласачите избрале 36 играчи од средниот ред, 29 напаѓачи и 19 дефанзивци. Најмлад фудбалер е Ел Шарави со 21, а најстар е Занети со 40 години. Поделено по лиги најмногу фудбалери има од Премиер лигата.
За целата листа клик тука.