Џесика Кастроп или е најмалерозната репортерка во историјата, или пак фудбалерите имаат нешто против неа. Во 2010 беше удрена од залутана топка, потоа ја бањаа со пиво, настрада од прскалки на терен, а викендов пред дуелот Леверкузен-Хофенхајм таа повторно си доби топка по глава.