Фудбал

Волеј автогол од аут

Фудбалер од ирското фудбалско првенство се обиде да скрати топка од аут, но постигна автогол што не се поновува и по 1000 обиди.

Не се исплати да ги гледаш Арсенал и Тотенхем

Навивачите на Тотенхем и Арсенал плаќаат најмногу пари за секој гол на нивниот тим што ќе го видат на домашен терен, а според бројот на голови најисплатливи се сезонските карти на Манчестер Сити.

Водечките ја зголемуваат доминацијата

Анализите на освоените поени од страна на најдобрите три екипи во најдобрите лиги во Европа покажуваат дека разликата меѓу водечките и останатите се повеќе се зголемува.

Тешка мисија за домаќините Челси и Борусија

Жозе Мурињо нема да треба да стравува од најопасното оружје на Парижаните кој се повреди на првиот дуел, но неговиот тим е под притисок да брка 2:0 за полуфинале. Во уште понезавидна ситуација се „Милионерите“ кои ќе се молат повторно на ланските четири голови на Ледандовски. 

Сколари забрани „акробатски секс“

Луис Фелипе Сколари ги соопшти своите последни инструкции пред да ги одреди 23 фудбалери кои ќе тргнат во поход на Светското првенство. Неговите последни инструкции беа за сексот на фудбалерите.

Барселона не е единствен грешник во Шпанија

Меѓунардоната фудбалска федерација (ФИФА) и изрече забрана за трансфери на Барселона, но казната може да се прошири на целиот шпански фудбал.

На Бејл му е поисплатливо да не оди на светско

Најскапиот фудбалер во историјата воопшто не треба да му ја мисли што летово нема да биде дел од светскиот фудбалски крем. Неговото слободно време чини многу пари.

Четвртолигашки слалом

Најубавиот гол на колото во Шпанија не го постигна Меси, Роналдо или Нејмар, туку Кубас кој игра во четвртата шпанска лига и кој го споредија со легендарниот гол на Марадона од Мундијалот во 1986 година.

Милионче за пехар во Лига на шампиони

Фудбалерите на ПСЖ имаат предност од 3:1 по првиот четвртфинален дуел против Челси и имаат реални шанси да одат понатаму каде ги очекуваат сочни премии.

Од перење коли стигна до Барселона

На околу два месеци до стартот на Мундијалот, HBO стартуваше со документарци посветени на најдобрите играчи од секоја земја учесничка. Првата приказна се однесува на најпознатиот чилеански репрезентативец и неговиот трнлив пат до успехот.

Нокаут одбрана

Екипата на Ројал Антверп чиј тренер е Џими Флојд Хазелбенк одигра само 1:1 против Роселаре во белгиската втора лига, а главен кривец за изгубените два поени е Келвин Мајнард кој од 7-метарски гол успеа само да погоди во несреќниот противник.

Роналдо продава повеќе дресови од цел Баерн Минхен заедно

Кристијано Роналдо не само што е најдобар фудбалер на светот (според ФИФА), туку тој и продава најмногу дресови.

И ние сме имале коментаторишта

Пред некое време пројавивме желба да слушнеме малку „поживи" коментатори во македонскиот етер и желбата ни се исполни. Како што пишува и во коментарот на Јутјуб од снимката на кочанската ТВК од финалето на Купот на Македонија за жени помеѓу Иднина С од Оризари и Единство од Скопје, „коментатори имаме, фудбал сме тапа".

Дали е ова голот на неделата?

Ова беше уште еден викенд полн со квалитетни фудбалски натпревари и добри голчишта. Ги немаме видено сите, но за главен кандидат за гол на викендот го кандидираме овој проектил на Јохан Ларсон од Елфсборг од натпреварот против Хакен.

700 години откако беше забранет фудбалот

Англичаните секогаш гордо се фалат дека тие го имаат измислено фудбалот, но забораваат и дека го имаат забрането. Најважната споредна работа на светот пред точно 700 години беше забранета во Англија, Шкотска и Франција.

Голови на неделата

Помеѓу најдобрите десет голови од изминатите седум денови се најдоа мајсториите на Пасторе, Диего, Мората, Кака, Рикелме...

Срушен фудбалски сон поради глупави правила

Талентирана е за фудбал, живее за фудбал и сите сакаат да го прави тоа во животот. Но ограничувањата за малолетни играчи кои се поставени како правила во Светската куќа на фудбалот и го одзема тоа право.

Во недела ќе ве задавиме

Ривалството помеѓу навивачките групи знае да излезе од контрола. Во тренинг центарот на Хановер се појави мртва овца која најверојатно ја закачиле навивачите на Брауншвајг во пресрет на мечот помеѓу овие две екипи кој се игра овој викенд.

Разочараните ги трампаат картите за игрица

Навивачите на Манчестер Јунајтед кои се разочарани од Дејвид Мојс сега можат да го предводат клубот но не во реалноста, туку на игрица која ќе ја добијат во замена за нивните сезонски карти.

Бразилците заглавија со два стадиони

Земјата која живее за фудбалот дефинитивно не ја бива за организација на Светско фудбалско првенство. Ги пробија сите рокови за подготовка на стадионите кои им ги даде ФИФА и се уште немаат абер.

Пеле одговара Прустов прашалник

Додека неговата земја се подготвува за организацијата на Светското првенство, „најдобриот на сите времиња" одговори на Прустовиот прашалник во постојаната рубрика на магазинот Венити Фер.

Јувентус го освои Лион

Јувентус и Бенфика стекнаа предност на гостински терен, а по првите четврт-финални натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување, победи пред својата публика извојуваа Базел и Порто.

Проблематична година за Барселона

Каталонскиот тим за сега има одлични резултати оваа сезона и на нешто помалку од два месеци до завршувањето на клупските обврски на сите натпреварувања, е во игра за пехар на три полиња. Но тоа што ги мачи се проблемите надвор од фудбалските терени.

Каратистот Тијаго Силва

Хавиер Пасторе ги направи мајмуни дефанзивците на Челси за конечни 3:1 во 93 минута на синоќешниот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, но од трибините имаше камера која не го ловеше голот и радоста на стрелецот.