Водечките ја зголемуваат доминацијата

Анализите на освоените поени од страна на најдобрите три екипи во најдобрите лиги во Европа покажуваат дека разликата меѓу водечките и останатите се повеќе се зголемува.

Фудбалската опсерваторија на ФИФА во рамките на Интернационалниот центар за спортски студии (CIES) од Швајцарија направи анализа на освоените поени од страна на трите моментално водечки екипи од петте најдобри лиги во Европа.

Резултатите од анализата покажуваат дека водечките екипи оваа сезона ја зголемиле доминацијата во однос на изминатите години.

Водечките три екипи од секоја лига оваа сезона освоиле 75,5% од можните поени, што е за пет проценти повеќе од минатата сезона.

Анализата покажува дека најефикасни се водечките екипи од Шпанија, а најголема разлика во однос на минатата сезона има во Италија.

 

8 април 2014 - 14:02