Во случај на пласман во полуфиналето во ЛШ секој играч на ПСЖ ќе добие парична награда од клубот од 450.000 евра, а доколку го освојат најквалитетно клупско европско натпреварување, на нивните сметки ќе легнат уште по еден милион евра.
Со ова одлука, богатите газди на тимот од Париз би ги надминале рекордните досегашни премии кои минатата година ги добија фудбалерите на Баерн Минхен од по 800.000 евра за титула во ЛШ.
Инаку составот на Лорен Блан кој на шест кола до крајот на француското првенство има 13 бода зад второпласираниот Монако, ќе добие 400.000 евра по играч за освојување на титулата која им е на прагот.