ФИФА ја казни Барселона со забрана за доведување нови фудбалери во следните два трансфер периоди затоа што тие прекршиле неколку правила поврзани со трансферите на малолетни фудбалери од странство. Но мадридскиот спортски весник Marca тврди дека проблемот настанал со менувањето на властите за регистрација на играчи пред неколку години.
Издавањето на лиценци за младите фудбалери се префрлени во доменот на регионалните сојузи што довело до хаос. Лиценците биле издавани без никаков ред, а притоа не биле почитувани никакви стандарди кои ги има пропишано ФИФА.
Ова се случувало во цела Шпанија, но најмногу грешела Барселона, а нивниот регионален сојуз им прогледувал низ прсти. Токму затоа ФИФА реши да го казни гигантот од Камп Ноу и да им „покаже заби" на останатите.
Казна заработи и Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ), по што порптаролот на федерацијата се правдаше дека кога тие ги решавале овие прашања, вакви проблеми не се случувале.