Фудбал

Еленио Ерера или Жозе Мурињо пред пола век

Харизматичен, победник во душа и авторитетен. Тоа е легендарниот Ерена кој се роди на денешен ден пред 104 години и кој ја одбележа златната ера на Интер во 60-те години. За него велат дека има многу сличности со „The Special One“.

Најемотивната средба со Фалкао

Епско видео во кое дете од Колумбија се запознава со својот миленик Радамел Фалкао. Се откорнува од плачење и се моли за неговото повредено колено, поради кое веројатно нема да настапи на светското во Бразил. Ѕвездата на Монако не успеа да ги задржи солзите.

Дуелот кој ќе ни недостига вечерва

Натпреварот помеѓу Јувентус и Лион е можеби најинтересната двојка во четвртфиналето од Лига Европа каде се уште не е решен патникот во полуфинале. Под некои други околности ќе гледавме директна пресметка помеѓу двајца учители за голови од слободен удар.

Нејмар падна на своја финта

Бразилецот Нејмар е познат по своите дриблинзи, а посебно по протнувањето на топката низ нозете на противникот, но и тој знае да наседне на истата финта.

Ремек дело на помладиот Бентеке

Напаѓачот на Астон Вила, Кристијан Бентеке има помал брат кој игра во втората белгијска лига. Џонатан има 19 години и само еден постигнан гол на 17 професионални настапи. Вториот му е мајсторски и ќе го памети долго.

Фудбалерите не се коњи

Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ не играа на најважните натпревари за нивните тимови оваа сезона, а челниците на УЕФА не можат да сфатат дека дури и ѕвездите се обични луѓе кои не можат да го издржат се понапорното темпо на фудбалот.

25.000 километри до Рио

Холанѓаните се големи љубители на фудбалот и за да ја бодрат својата репрезентација низ целиот свет поминуваат илјадници километри, а некои тоа го прават и со автомобил.

Четвртфинална решавачка ноќ во Лига Европа

Фудбалерите на Валенсија ја имаат најтешката задача на вечерашните реванш средби, а тоа е да станат првиот тим кој успеал да се врати по негатива од 3:0 во ова натпреварување. Јувентус, Порто и Бенфика се со минимална предност.

Македонија напредуваше на ФИФА листата

На последното рангирање на ФИФА, фудбалската репрезентација на Македонија скокна на 80-та позиција.

Атлетико Мадрид ќе ја освои Лигата на шампиони

Традицијата на Лигата на шампиони вели дека Баерн Минхен нема да ја одбрани титулата која ќе замине во рацете на Атлетико Мадрид.

Атлетико ја урна Барселона, Баерн убедлив против Јунајтед

Сонот на златните момчиња на Симеоне продолжува да се остварува во Лигата на шампионите каде со 1:0 го елиминираа моќниот противник и обезбедија пласман во големата четворка. Патот до полуфинале си го обезбеди и европскиот првак со триумф од 3:1. 

Нема да ви се верува

Тудорел Михаилеску е 48 годишен голман кој брани за романскиот четвртолигаш Вулкан. Останатото за него треба да го видите.

Некој сака да се збогати од решавачкиот меч во Премиер лигата

Викендов во Англија на „Енфилд Роуд“ е големата пресметка помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити која може да биде и клучна за титулата, а тапкарошите преку он-лајн продажба нудат карти за овој дуел кои се косат со нивната регуларна вредност.

Екс претседателот на Валенсија уапсен поради киднапирање

Хуан Солер е осомничен дека плаќал за да го киднапираат неговиот наследник кој го презеде шпанскиот прволигаш пред 5 години.

Ајде на бањање

За среќа заедничките бањи веќе не постојат, па немаме шанса да гледаме вакви бесценети фотографии од заедничко капење на фудбалери по тренинзи и натпревари. Чудо едно колку тие сакале да се сликаат во вакви прилики, а потоа и да ги споделуваат фотографиите.

Ба го направи Жозе рекордер во ЛШ

По предноста на ПСЖ од 3:1 на првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампиони, Челси ги подзагуби шансите за полуфинале, но резултатот 2:0 сепак не беше неостварлив за Лондончани кои му донесоа двојно задоволство на својот тренер.

Сите сакаат да го допрат Меси

Лионел Меси е огромна ѕвезда и сите сакаат да му земат автограм, да се сликаат со него, да го допрат или да го испофаќаат. Дури и обезбедувањето на аеродромот во Мадрид кое му изврши детален преглед.

Најтешките две визи за полуфинале

По оние 1:1 на двете четвртфинални средби од Лигата на шампионите, патот до пласман во големата четворка е исклучително тежок за сите. Мојс спасот на сезоната ќе го брка против бранителот на титулата, додека шпанската пресметка е израмнета како никогаш до сега.

Офсајд лик на денот: Христо Стоичков

Невиден гаф на Христо Стоичков. Во желба да врати на навреди на Твитер, бугарската легенда си ги откри порно навиките.

Офсајд лик на денот: Хенрих Мхитарјан

Ерменецот од редовите на Борусија Дортмунд е најголем трагичар и еден од најголемите кривци што неговиот тим за малку не успеа да ја анулира предноста на Реал Мадрид.

Реал се спаси, Челси го реши ПСЖ

Борусија Дортмунд се наоѓаше на чекор до изненадување против Реал Мадрид, но не успеа да ја надомести негативата од првиот натпревар. Во полуфиналето се пласираше и четата на Мурињо кој го надитри ПСЖ.

Како почнаа

Меси, Лавеци, Игуаин...Големите мајстори на фудбалската игра не се станати големи играчи преку ноќ. Тие држлеле лекции по фудбал уште како деца. Штета што компилацијава трае неполна минута.

И ние навиваме за Рајо Ваљекано

Иако е мал клуб без ниту еден трофеј и со стадион кој собира едвај 15.000 гледачи, убаво да се биде дел од овие трибини или поточно да се купи годишна карта каде што седи најстраствената нивна навивачка.