Роналдо и Ибрахимовиќ веќе имаат одиграно повеќе од 50 натпревари оваа сезона и заради повреди не може да играат на најважните до сега.
За еден фудбалер да закрепне по натпревар, потребни му се од 3 до 4,5 денови, но со фудбалскиот календар во година кога се игра Светско првенство, тоа е невозможно.
Според напорот за еден натпревар, експертите споредуваат еден фудбалски меч со истрчан полумаратон. Тоа значи дека до крајот на сезоната фудбалерите ќе треба да истрчаат уште 10 полумаратони за месец ипол. Тоа е премногу!
Не само што е згуснат распоредот, туку и натпреварите се поинтензивни од порано. Според статистиките на Премиер лигата, во сезоната 2006/07 еден тим во просек правел по 330,2 спринтови по натпревар, а оваа година таа бројка се зголемила на 431,1 односно 30,6%.
35-годишен фудбалер има тело на 55-годишник
Докторот Сефан Бен-Шошан има многу комплицирана за објаснување дејност, која попросто би можела да се објасни како: скенирање на мускулното и скелетно оштетување, а потоа лекување на оштетените места.
Со оваа процедура се имаат лекувано Леброн Џејмс и Коби Брајант, а Бен-Шошан во моментов работи како доктор во ПСЖ.
Тој имал шанса да соработува со разни спортисти и добро ги познава истрошените тела на спортистите.
„Сум лечел тренери, рагбисти, маратонци, кошаркари... но најмногу се повредуваат фудбалерите. Нивните тела се најмногу истрошени. Рскавиците им се еродирани и имаат многу проблеми со тетивите и лигаментите. Просечен 35-годишен фудбалер има тело на 55-годишник."
И според Бен-Шошан, причините за тоа се големата оптовареност на фудбалерите и нивниот згуснат распоред.
„Внатрешната штета е голема. На коњите со истрошени рскавици им помагаме со инјекции, но фудбалерите не се коњи. 60 натпревари во сезона се премногу. Не можете да одиграте повеќе од 30 натпревари во сезона и да останете здрави. Играч кој ќе одигра повеќе од 30 натпревари во сезона ќе пати од неповратни здравствени проблеми", изјави Бен-Шошан.