Таг: повреди

Фудбалери кои се израдуваа што Европското се помести за 2021

Одложувањето на Евро 2020 за следното лето е историски настан, преседан. Овој турнир никогаш во историјата не се преместил а првпат се случува поради вирус да се премести еден голем фудбалски настан.

Енди Мареј низ солзи кажа дека се повлекува од тенисот

Поради сериозни проблеми со повредите кои го спречуваат нормално да функционира не само на тениските терени туку и во секојдневниот живот, Шкотланѓанецот, некогаш број еден светски тенисер, најави дека во скоро време ќе стави крај на кариерата поради страшни болки.

Како спортските новинари коментираат удар во гениталии?

Една од помалку посакуваните повреди во спортот, особено оној машкиот, е ударот меѓу нозе. Ај што самиот спортист си има мака, туку и коментаторот треба да има однапред подготвен израз за да го опише она што се случило. Американците имаат развиен вокабулар за ваквите инциденти. Може е време до петок нашите да си спремаат пар поживописни џокери од оној кој се користи до сега.

Здравствениот билтен на Арсенал

Ако во Премиер лигата некој е малер за титули, тоа е Арсенал кој нема освоено од 2004-та. Ако некој е малер за повреди, тоа е повторно Арсенал кој нема на располагање 8 првотимци. На Емирати сè е по старо.

Повредените играчи најмногу пари однесоа во Европа

Од програмата за заштита на ФИФА најмногу инкасираа англиските клубови кои ќарија 13,1 милиони евра.

Табелата во Премиер лига која не му оди во прилог на Ван Гал

Кога на грб носиш клуб како Манчестер Јунајтед, цврст и непобедлив под водство на Фергусон, а потоа ослабен и разнишан со Мојс, најлошо е тимот со кој планираш да го вратиш победничкиот менталитет да почне да ти се повредува.

Коленото и тетивата настрадале најмногу во Бразил

На Мундијалот се повредиле 28 играчи, а многу од нив како Нејмар и Ди Марија предвреме го завршија Мундијалот. Анализите покажуваат дека по шест играчи имале повреда на тетива и колено, а само по еден играч настрадале во око (Вон Берген), рака (Бабатунде), грб (Нејмар), потколеница (Дембеле) и препон (Костли).

Врвните играчи се повредуваат пред Светско

Долгите и напорни сезони и несреќните ситуации на теренот го осиромашија Мундијалот кој ќе биде без многу ѕвезди. Дополнителен проблем сега станаа и последните контролни натпревари и тренинзи на кои на повреди се жалат Роналдо и Рибери.

А да се пробаш во шах?

Некои спортисти си ги имаат промашено професиите. Еден од нив е и Французинот од Арсенал, Абу Диаби за кој фудбалот очигледно е премногу опасен спорт и поголемиот дел од кариерата ја помина надвор од терените заради повреди. Би му препорачале балет, ама и таму ќе се повреди. Ти си дечко само за шах во парк со пензионерите.

Фудбалерите не се коњи

Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ не играа на најважните натпревари за нивните тимови оваа сезона, а челниците на УЕФА не можат да сфатат дека дури и ѕвездите се обични луѓе кои не можат да го издржат се понапорното темпо на фудбалот.