Екс претседателот на Валенсија уапсен поради киднапирање

Хуан Солер е осомничен дека плаќал за да го киднапираат неговиот наследник кој го презеде шпанскиот прволигаш пред 5 години.

Поранешниот претседател на Валенсија, Хуан Солер заедно со уште две лица се уапсени и обвинети за обид за киднапирање на Висенте Сориано кој во моментов седи на претседателската фотеља на клубот.

Според пишувањата на весникот „Ел Мундо“ Солер најмил платеник на кој му дал 100.000 евра за да го киднапира Сориано поради нерасчистени долгови при преземањето на Валенсија.

Висенте Сориано стана прв човек на шпанскиот клуб во јули 2009 година и откупил 70% од акциите на Валенсија во вредност од 85 милиони евра, но парите тој не му го исплатил во целост.

9 април 2014 - 18:07