Фудбал

Ал Ахли е најтрофејниот клуб во светот

Првата позиција на најмногу освоени интернационални титули долго време ја одржуваа екипите на Милан и Бока Јуниорс, но со последниот трофеј на Египќаните тие избиваат на првата позиција пред големиот европски и јужноамерикански гигант.

Решавачки голмански гол

Изминатово коло дефинитивно не помина во знакот на голманите кои заредија многу киксеви. Но имаме и еден јунак од Колумбија кој при резултат 1:1 го реши натпреварот со фантастичен погодок од слободен удар.

Првата забулена судијка

Само што напишавме денеска за официјалната одлука на ФИФА која одобри носење шамии на фудбалски натпревари, еве ја и првата муслиманка која како делител на правдата дебитираше со дел од нејзините традиционални носии.

Платини против глупавото фудбалско правило

И првиот човек на УЕФА, Мишел Платини смета дека тројната казна при прекршок во шеснаесетникот е глупаво фудбалско правило, но тоа никако да се промени.

Мајсторијата на Меси од повеќе агли

Кога Меси се мести да шутира слободен удар, на „Камп Ноу“ веднаш се палат камерите на телефоните. Еве како изгледаше тоа вчера на мечот против Алмерија кој го добија Каталонците со 4:1.

За мафијашки газда, мафијашки пречек

Новиот газда на Лидс тешко дека ќе ги освои симпатиите на навивачите. Тој е само еден месец мнозински сопственик на англискиот второлигаш и уште на стартот доби непријатен пречек кој асоцира на неговото неславно минато.

ФИФА дозволи шамии и турбани

По скоро две години пробен период, Светската фудбалска федерација и официјално одобри носење на марами и турбани на фудбалски натпревари.

Викенд на голмански киксеви

Во последно време зачестија голманските гафови. Минатата недела двајца прогласивме за офсајд ликови, а викендов уште неколку од нив посебно се истакнаа, па слободно можеме на сајтов да отвориме и посебна категорија за голмани.

Гол првенец за Ибраими во Серија А

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ја начна мрежата во елитното италијанско фудбалско првенство. Тимот на Каљари славеше со 3:0 против Удинезе, а нашиот интернационалец асистираше при вториот и одлично се снајде во контра нападот по кој го матираше противникот.поставувајќи го конечниот резултат.

Манчестер Јунајтед против Манчестер Јунајтед

„Манчестер Јунајтед го победи Манчестер Јунајтед со 5:0 во Лига Европа." Постојат шанси ваков наслов да напишеме летово.

Голови на неделата

Уште една недела полна со прекрасни голови. Помеѓу десетте најдобри се најдоа и голчиштата на Бејл, Марковиќ, Хунтелар и Гаитан.

Европскиот првак не е најпопуларен клуб во Германија

Според истражувањето кое го направи францускиот сајт Sportune.fr, иако Баварците се најмоќниот клуб во Бундес лигата и се многу блиску до нова титула во првенството не се најголемиот фудбалски бренд во земјата.

Најдолгиот пат до финалето на Вембли

Фудбалерите на Сандерленд направија сензација со пласманот во финалето од Лига купот, а со тоа привлекоа и свој навивач кој ќе допатува од крајот на светот за да ги гледа во живо.

Најстраствените македонски лацијали во Софија

Група на триесетина наши фанови кои се организираат преку својата фан група ЛФМ синоќа го бодреа својот омилен клуб на гостувањето против Лудогорец на националниот стадион „Васил Левски" во рамките на Лига Европа. Беа присутни на иста трибина, но поради склоп на околности се најдоа во две групи. Едните во друштво на лацијали од целиот Балкан, а другите заедно со Римјаните. Резултатот за жал не им се посреќи.

Зад успехот на Фергусон се крие ќотек со каиш

Алекс Фергусон ја откри неговата најголема тајна. За неговиот успех е заслужна учителката од основно која често го тепала со каиш.

Рома има најскапи навивачи во Италија

Рома доминира во Италија, ама не на табелата во Серија А, туку на табелата според висината на казните кои клубовите ги имаат платено заради испадите на нивните навивачи.

Гаќите на Ѓуровски и другите прослави за црвен картон

Во последно време зачестија лудите прослави на фудбалерите за кои си заработуваат црвени картони, па решивме да ги собереме на купче најбизарните исклучувања, а предводник на оваа група е нашиот Марио Ѓуровски.

Пандев против Порто во Лига Европа

По комплетирањето на натпреварите од 1/16-финалето на Лига Европа, познати се и двојките од осмина-финалната фаза на второто по ранг фудбалско натпреварување на стариот континент.

Паненка од слободен удар

На реванш натпреварите од 1/16-финалето во Лига Европа беа постигнати 44 голови, а најдобриот беше дело на Николас Гаитан од Бенфика кој против грчки ПАОК постигна прекрасен погодок од слободен удар.

Украина остана без европски фудбал

Неверојатно возбудливи натпревари во 1/16-финалето на второто по ранг фудбалско натпреварување во Европа.

Раѓањето на европскиот шампион

На денешен ден во 1900-та година, 11 ентузијасти формираа свој фудбалски клуб, а веројатно ни самите не претпоставувале дека 114 години подоцна овој колектив ќе доминира во фудбалска Европа.

Возбудливи битки во Лига Европа

По изненадувачките резултати на првите натпревари, вечерва на програмата се реваншите од 1/16-финалната фаза во Лига Европа.

Грузиски фер-плеј

Фер-плејот не е мртов. Тоа ни го докажаа фудбалерите на грузиските тимови Динамо Тбилиси и Сиони Болниси.