Мундијалите во Бразил 2014 и Катар 2022 веќе подолго време се топ тема во светот на фудбалот. Првиот поради актуелноста, а вториот поради контроверзноста. Конечно да дознаеме некој детаљ и за оној кој е закажан помеѓу нив за четири години во Русија.
Фудбалерите на Евертон го наполнија Њукасл на гости со три парчиња, а големиот триумф го најави 20 годишниот Рос Баркли кој претрча повеќе од пола терен со топка и потоа имаше сила и да ја забие во агол.
Клубовите од Премиер лигата во однос на заработка се недостижни на светската фудбалска мапа. Во просек една екипа од островот од спонзори и реклами заработува по 35 милиони евра годишно, во Шпанија 20, а во Русија 16,4.
Светската куќа на фудбалот се засрами и мораше да му се извини на Бразил, а воедно и да брише содржина од својот сајт откако објави совети со кои се исмеваа навиките на домаќините на Светското првенство.
Пол Гаскоњ не е единствениот играч кој по завршувањето на кариерата тргна по погрешен пат. Слична приказна има и еден поранешен капитен на Саутемптон кој адреналинот од фудбалот го заменил со мешање на многу алкохол и кокаин.
Баварците згазија сè пред себе и ги срушија сите можни рекорди во Германија, но станаа досадни и претставуваат голема закана за квалитетот на Бундеслигата во иднина.
Минатата сезона на Баерн Минхен беше именувана како најдоминантна во историјата на Бундес лигата со еден куп срушени рекорди, но европскиот првак кој синоќа успеа најрано досега да стигне до титула во Бундес лигата повторно се надминува себеси.
Клубовите од Европа земале дури 98% од парите на ФИФА наменети за компензација на повредени фудбалери за време на интернационалните должности. Најмногу инкасирале клубови од Англија и Шпанија, а најмалку се повредувале играчи од Италија.
Баерн Минхен ја одбрани титулата во германската Бундеслига во рекордно време уште во март. По 27 одиграни кола шампионите освоија 77 поени и постигнаа 79 голови. Ова се десетте најдобри.
И Тотенхем се најде на врвот на некоја листа во Европа. „Евреите" најдобро тргуваат, па така екипата на Тотенхем во последните пет години оствари најголема заработка од продажба на играчи.
На ова кратко видео кое сакавме да биде подолго за да фатиме повеќе сеир, го имаме најголемиот пацер за изведување пенали кој се обиде со храбрата паненка да го измами голманот.
Италијанката Елена Тамбини доби сериозна конкуренција од швајцарскиот фудбал. Се работи за Аурелија Болиер која за сега не се решава да почне професионална кариера и ги разубавува само натпреварите кои се дел од аматерските лиги во Швајцарија.
Најголемиот хаос изминатово коло се случи на нисколигашки натпревар во Италија помеѓу екипите на Гулијана и Виртус Виола. Први влетаа тројца навивачи кои потоа беа уапсени, а за време на тепачката полицајците беа само гледачи.
Бразилецот Артур Маиа од Америка РН на натпревар против Глобо во регионалната лига на Рио Гранде постигна гол со кој се кандидираше за вбројување при врвот на листата на најдобри соло голчишта.
Во француската лига има и други фудбалери освен Златан Ибрахимовиќ на кои добро им одат боречките вештини. Еден од нив e Самбу Јатабаре од Бастија кој ги демонстрираше вештините на Гаетан Курте од Ремс.
Не се само навивачите на Манчестер Јунајтед разочарани од наследникот на Алекс Фергусон. И самиот Дејвид Мојс си призна дека правел грешки и мора да преземе дел од вината за слабите резултати на англискиот шампиони.
Да постигнеш гол со глава од линијата на шеснаесетникот е врвно достигнување со кое не можат да се пофалат многу фудбалери. Да постигнеш гол со глава од работ на шеснаесетникот и тоа во својата мрежа е ремек-дело со кое може да се пофали дефанзивецот на Пумас од Мексико, Дарио Верон.
Лудото шпанско дерби на кое паднаа седум погодоци добива и трето полувреме. По жестоките критики на двајцата фудбалери на Реал Мадрид упатени кон судиите, дисциплинската комисија постои можност да им одреди парични казни.
Во бродот на Милан кој постојано тоне и не може никако да исплива ниту на првите 10 позиции на табелата во Серија А, не функционира ниту најсилното оружје во нападот кој повеќе добива жолти картони, отколку што ги полни мрежите.