Коби Брајант: Фудбалот е мојот омилен спорт

Едно од најпрепознатливите спортски ликови на планетата синоќа седеше на стадионот „Кастелао“ на мечот помеѓу Бразил и Мексико. Петкратниот НБА првак е голем фудбалски фан кој го следеше и мечот Германија-Португалија, а за сајтот на ФИФА вели дека посакува јужноамериканско финале.

Беше присутен минатата година на Купот на Конфедерации минатата година, а сега си на Светско првенство во Бразил. Сигурно си голем фудбалски навивнач...

- Да тоа е всушност мојот омилен спорт. Израснав во Италија и од шест до 14 години секој ден играв фудбал.

Зошто одлучи да го следиш мечот помеѓу Германија и Португалија? Да не си шпион за селекцијата на САД? 

- Да, сигурно. Тоа беше поврзано со моето патување и сакав да гледам неколку големи натпревари. Сакам да ги следам во живо најдобрите селекции и најдобрите играчи. Ова е одлична можност за да се биде тука. 

Колку е силна репрезентацијата на САД? 

- САД за жал се падна во тешка група, но фудбалот кај нас навистина оди напред. Мислам дека нашиот тим има самодоверба и ќе одговори на предизвикот. 

Ќе ги гледаш ли некој натпревар на твојата земја? 

- Да, се обидуваме тоа да го сториме на голем видео бим, а исто така правиме обиди да ги координираме добро нашите обврски за кои сме тука, за да може да издвоиме време за на стадион. 

Кој е твој фаворит за освојување на трофејот? 

- Многу е тешко да се игра против домаќинот. Убаво би било да гледаме финале помеѓу Бразил и Аргентина. Многу силна репрезентација е и Германија против која исто така е тешко да се игра.

ФИФА

18 јуни 2014 - 13:06