„Лалињата“ со многу маки до трите бода

Фудбалерите на Холандија се првата селекција која стигна до втора победа на Мундијалот и која со една нога е во осминафиналето. Австралија покажа заби на овој меч и беше многу потежок противник за тимот на Ван Гал за разлика од Светскиот шампион.

Група Б

Австралија - Холандија 2:3
Кејхил 21` Јединак п 54` - Робен 20` Ван Перси 58` Депаи 68`

По петардата против Шпанција, фудбалерите на Холандија се очекуваше глатко да ја минат пречката наречена Австралија која според играта и пристапот не заслужи пораз.

Ариен Робен со неговиот препознатлив пробив го отвори резултат, а веќе во следниот напад Тим Кејхил со извонреден волеј удар го израмни резултатот.

Австралијанците притиснаа и во вториот дел и заслужено стигнаа до водство од 2:1 кој го постигна Миле Јединак од пенал.

Избраниците на Луи Ван Гал за само 10 минути направија целосен пресврт на мечот и драстично се доближија до осминафиналето.

18 јуни 2014 - 20:04