Фудбал

18 работи кои ги нема направено Венгер

Седна на клупата на Арсенал на 1 октомври 1996 година, како замена за непознатиот Брус Риох, а вечерва против Галатасарај одбележува 18 години како тренер на Топџиите. Му поминаа топло-ладно, но нема мотивација да ги раскаже во книга.

Луис „без мозок“ Фабијано

Напаѓачот на Сао Пауло има 32 години, фудбал игра од својата 15-та и уште не научил дека противникот не се удира никогаш, а камоли пред очите на судијата.

Аргентинска судијка заврши во болница по овој удар

Саломе Ди Лорио која судеше на Олимписките игри во Лондон 2012 беше нокаутирана со топка на нисколигашки меч во Аргентина.

Навивачите со журка ќе го рушат стадионот на Рапид Виена

За симболична цена, навивачите ќе имаат дозвола да корнат што ќе посакаат од стадионот Гергард Ханапи. После тоа се руши.

Јувентус против Симеоне во Шпанија, Пандев во Лондон

Втората вечер од 2.коло во Лигата на шампионите го носи кралскиот клуб во Софија каде Лудогорец ќе им се спротивстави на Роналдо и другарите.

Сколс ги трола навивачите на Сити

Легендата на Јунајтед изјави дека тие не знаат да направат атмосфера на натпревар во Лигата на шампиони.

Џонџо Шелви е херојот на Хери

Новиот англиски репрезентативец му ја исполни желбата на детето кое боледува од Алопеција и му покажа како изгледаат припремите за еден премиерлигашки меч во живо.

Роналдињо како во старите добри времиња

Бразилецот и понатаму си игра со противничките голмани кога ќе ја намести топката пред живиот ѕид. Во 4 натпревари за мексиканскиот клуб има 2 гола и 1 асистенција и веќе стана омилен во Мексико.

Нацистички поздрав на младинецот на Вердер Бремен

И покрај тоа што неговиот соиграч реагираше и му ја спушти раката, Маик Луковиц се соочува со драстична казна од германскиот фудбалски сојуз.

Ибраими со бод во Гелзенкирхен, Барса поразена од ПСЖ

Во вечерта на реми натпревари, Шахтјор успеа да постигне два гола во судиското продолжение. Победи славеа Баерн Минхен, Бате, Челси и ПСЖ. Бодовите ги поделија Ајакс, АПОЕЛ, Манчестер Сити, Шалке, Марибор и Рома. Нашиот Ибраими го одигра целиот меч за Марибор.

За сè има прв пат, па и за Тоти

Една од најинтересните битки вечерва во Лигата на шампионите ќе биде дуелот помеѓу Манчестер Сити и Рома која веќе започна да се води на социјалните мрежи и тоа меѓу двата клуба.

Колку заработуваат фудбалерите во САД

Бразилецот Кака заработува 7 милиони долари годишно, а неговата плата му ја исплаќа Орландо Сити кој го позајми во Сао Пауло до март следната година.

Поради смрт на навивач, нема спорт во Грција цела недела

По двонеделна битка, почина 46 годишниот навивач на Етникос кој беше тешко повреден за време на фудбалски натпревар.

Ножички на Хоро, паненка на Касано

Екипата на Удинезе предводена од дуото Страмачови-Станковиќ ја совлада Парма со 4:2 и стигна до четврта победа по пет одиграни кола во Серија А, а репетицијата најмногу вреди да се погледне поради овие два атрактивни потега.

Тренер на Челси во Нигерија бил третиран како затвореник и закачил ебола

Томас Фенеси бил ангажиран да тренира млади фудбалери, но по неколку дена останал без пари и пасош. По 10 месечниот кошмар успеал да се извлече со помош на британската амбасада.

Лондонската полиција подготвена за Турците

Во 24 часа, англиската полиција ќе има многу работа за да спроведе 7.000 навивачи кои од Истанбул ќе допатуваат во Лондон, да ги бодрат своите тимови во ЛШ и ЛЕ.

Агим Ибраими кај Шалке, Рома во Манчестер, Барса во Париз

Македонскиот репрезентативец вечерва ќе има прилика да ги покаже своите квалитети на „Велтенс Арената" во Гелзенкирхен, во натпревар од второто коло од ЛШ, во кое играат уште и Баерн Минхен, Челси, Порто, Атлетик Билбао и Ајакс.

Ламберт одби да се ракува со Мурињо

Менаџерот на Астон Вила, Пол Ламберт сакаше да ги одгледа последните минути од натпреварот со Челси и го игнорираше Специјалниот, кој на 3-0 се повлече во соблекувалните. Мурињо доби корпа и од Рој Кин.

Копачка со 10 мега пиксели

Лидерот во летонското фудбалско првенство, екипата на Вентспилс со слика за спомен го прослави голот против Лиепаја. Во меѓувреме ФИФА се огласила со соопштение дека нема повеќе да толерира вакви „испади“.

Тевез секогаш стигнува прв

Стартот на Јувентус во новата сезона од Серија А е за пример, 5 победи на 5 средби и ниту еден примен гол. Во напад втора сезона го имаат пргавиот Аргентинец на кој му ги анализираат пробивања во шеснаесетникот како шило. За репрезентацијата веќе 3 години е без повик.

Дерби дуели за кои малку се знае

Покрај Ел Класико, Ривер - Бока, Селтик - Глазгов, Фенербахче - Галатасарај и многу други дерби натпревари, во останатиот дел од светот има и ред други пеколни фудбалски средби кои со нетрпение се чекаат во текот на целата година.

Земан со необична формација го тресна Интер

Зденек Земан е познат во Италија како тренер кој практикува напаѓачки фудбал, а тоа екстремно го примени на гостувањето против Интер. За едно полувреме неговиот Каљари направи водство од 4:1, а сликава покажува дека во напад тргнувале по 8 играчи.

Тричковски се откажа, Кајмакоски ново засилување

Селекторот Бошко Ѓуровски изјави дека не му е јасно како младите играчи така лесно се откажуваат од националниот тим кој за него значи нешто посебно и емотивно.